Апија (англиски и самоански: Apia) е главен град на независната држава Самоа. Градот се наоѓа на северниот брег на самоанскиот втор по големина остров Уполу и има околу 58.000 жители (2001).

Географија Апија се наоѓа во природно пристаниште создадено од реката Ваисигано. Регионот е мала крајбрежна низина, во близина на планината Ваеја која има надморска висина од 472 метри. На самиот врв се наоѓа гробното место на познатиот писател Роберт Луис Стивенсон. Два срта поминуваат кон југ од планината.

Образование Апија е дом на голем број претшколски, основни, средни и високообразовни инситутции во земјата.Encyclopedia of the Nations: Samoa Education Во Апија се наоѓа единствениот универзитет во земјата, Национален универзитет на Самоа. Покрај него, во Апија има и кампус Јужнопацифичкиот Универзитет, оддел земјоделство. Покрај нив, друга важна институција која оперира во Апија е и училиштетото Роберт Луис Стивенсон, приватно основно и средно училиште.

Збратимени градови Шенџен, Кина (2015) Комптон, САД (2010)

Поврзано Уполу Самоа

Наводи

Надворешни врски

Апија — Википатување Апија на samoa.travel.

Категорија:Главни градови во Океанија Категорија:Самоа Категорија:Градови во Самоа Категорија:Апија