Б’мбоки или Бомбоки (, Ставропотамос, до 1927 Μπομπόκι, Бомбоки)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Οξυά — село во Општина Костур во Костурскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Западна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри североисточно од градот Костур и Костурското Езеро и јужно од Лерин, во историско-географската област Пополе. Селото се наоѓа на надморска височина од 684 метри.
Историја
Во XV век во селото имало 42 глави на семејстватаГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и Изкуство, II изд., София, 1989.. Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население било споменато дека селото има 37 глави на семејства и тројца неженети: Продан, Папа Алекса, Мано, Нено, Никола, Добривој, Трајко, Петру, Дабижив, Рајко, Алекса, Алекса, Балче, Петко, Драгослав, Јован, Никола, Степан, Томче, Јорги, Јаано, Тинош, Милош, Коста, Васо, Томчо, Хранко, Никола, Којо, Станојло, Нено, Мано, Рајко, Белче, Манос, Стано, Радослав, Којо, Петру и Тодор, и една вдовица Мара. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 2.746 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 86.
Во текот на XV век, селото било чисто македонско. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Б’мбоки се состоело од 60 семејства со 175 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Б’мбоки имало 260 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бамбоки е чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 40 куќи.
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 320 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 180-181..
Поради активното учество на месното население во Илинденското востание, селото настрадало трипати од страна на османлиските војски. Во текот на овие настани биле изгорени сите 80 куќи„Автономия“, № 39, 45, 46, наведено според: Тзавела, Христофор. Дневник на костурския войвода Лазар Киселинчев, София, 2003, стр. 23.Чекаларов, Васил. Дневник 1901-1903 година, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001, стр. 294.. Според друг извор, биле изгорени 43 куќи и биле убиени: Стефан Гисчев, Петре Стефанов, Диме Николов, Дедо Христо, старците Делиоланов и ДелиолановаИлюстрация Илинден, бр.136, стр. 14.
Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканските војни имало 60 македонски семејства.Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 7. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Бомбик со 40 куќи на Македонци христијани.
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало и било окупирано од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 228 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 197 жители. Во 1926 година, селото било преименувано во Ставропотамос.
Во текот на Втората светска војна, селото било нападнато од грчки банди, но нападот бил одбиен. Во текот на Грчката граѓанска војна селото пострадало во голема мера. Во овој период бил извршен итн. масакар во Б’мбоки, кога грчката владина армија влегле во селото и под сомневање дека жителите соработувале со ДАГ, затвориле десет селани, од кои осум жени и двајца мажи, и свирепо ги убилеС. Киселиновски, Грчката колонизација во Егејска Македонија (1913–1940), Скопје, 1981.. Во текот на граѓанската војна, вкупно биле убиени 39 лица, додека 89 се иселиле во Македонија или социјалистичките земји од Источна Европа. Вкупно 81 дете било изнесено од селото како деца бегалци.
Демографија
Во 1928 година селото имало 220 жители., додека во 1940 година селото броело 295 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 125 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 150 жители, во 1971 година имало 147 жители, во 1981 година имало 164 жители, додека во 1991 година имало 202 жители. Денеска, населението на селото е 235 жители според пописот од 2001 година.
Личности Родени во Б’мбоки Александра Тодорова Василева (р. 1910) Антон КирјаковМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 348. Аргир Јанков (1890 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 821. Ахилеас Методиев Василев (р. 1933) Димитар Попниколов (? - 1946) Козма МитовБългарската възрожденска интелигенция (енциклопедия), ДИ „Д-р Петър Берон“, София, 1988, стр. 424. Методи Михајлов Василев (р. 1910) Спиро Василев (1874 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 113. Стојан Киселиновски (р. 1943 г.) — историчар Јани ГеоргиевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 174.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Костур (општина)