Дупјак (, Диспилио, до 1926 г. Δουπιάκοι, Дупјаки)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπλάτση -- Δισπηλιό — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Костур во Костурскиот Округ, Грција. Познато е по богатите неолитски остатоци и натписите на дрвената Дупјачка таблица стара околу 7200 години. Населението и денес се состои исклучиво од Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 7 километри југоисточно од градот Костур на јужниот брег Костурското Езеро во историско-географската област Пополе на патот од Костур за Рупишта (Аргос Орестико). Селото се наоѓа на надморска височина од 620 метри. Името на Дупјак доаѓа од двете пештери (дупки), распоредени до селото. Во 1926 г. името е сменето во Диспилион, што е буквален превод со значење „две пештери“.. Во селото има четири мостови со традиционална архитектура — Ѓоле (Γκιολέ), Чешме (Τσεσμέ), Лакос (Λάκος) и Грановода (Γκρανοβόντα).
Историја Во XV век во Дупјак е евидентирана 31 глава на домаќинстватаГандев, Христо. Българската народност през XV век. Демографско и етнографско изследване, Наука и изкуство, II изд., София, 1989. Во османските даночни записници од средината на XV век, Дупјак е споменат со 18 семејства на Никола, Стајо, Јован, Лука, Јано, Проди, Ѓурко, Сирак, Димо, Мануел, Димо, Папа, Јано, Богоја, Настек, Којо, Коста и Димо, и една вдовица Мара. Вкупниот приход за царството од селото изнесувал 1.818 акчињаОпширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје 1973, стр. 84..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дупјак се состоел од 50 семејства со 152 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 110-111. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Дупјак имало 480 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 265..
Во почетокот на XX век селото било меѓу ретките во Костурско под врховенство на Цариградската патријаршија. Според податоците на егзархскиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 640 Македонци под патријаршијата и работело грчко училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 180-181..
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дупјак се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 80 куќи.
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), на почетокот на Првата балканска војна сето население на Дупјак пребегнало во Сачишта, стравувајќи од турската војска. Турците потоа ги запалиле речиси сите куќи во селото. Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По војните населението се вратило во селото. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 г. биле евидентирани 252 жители, додека на пописот од 1920 г., во селото биле евидентирани 219 жители. Во 1927 г., селото било преименувано во Диспилио. Во текот на Втората светска војна, селото било заземено од ГерманцитеМичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.).
Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна бидејќи се наоѓа во близина на Костур, и во селото во овој период се населиле жители од соседните села.
Демографија Во 1928 г. селото броело 264 жители., додека во 1940 г. селото броело 257 жители.
Селото во пописот од 1951 г. броело 431 жител, на пописот од 1961 г., во селото живееле 377 жители, во 1971 г. имало 3491 жител, во 1981 г. имало 747 жители, додека во 1991 г. имало 1011 жители. Денеска, населението на селото е 976 жители според пописот од 2011 г.
Културни и природни знаменитости
Во 1932 г. за време на сувата зима, Костурско Езеро се повлекло и биле откриени остатоци од праисториска населба, денес наречена Дупјачка неолитска населба. Грчките археолози под водство на Антониос Керамопулос започнале ископувања на теренот во 1935 г. и откриле остатоци од градби и чамци. Ископувањата биле запрени во 1940 г. поради Италијанско-грчката војна, но подоцна во 1965 г. испитувањата продолжиле.
Во 1992 г. нова екипа на чело со Георгиос Хурмузијадис, професор по праисториска археологија на Солунскиот универзитет, започнал повторни ископувања. Населбата кај Дупјак била населена од крајот на средниот неолит (5600-5000 г. п.н.е.) до крајот на неолитот (3000 г. пр.н.е.)RADIOCARBON DATING OF THE NEOLITHIC LAKESIDE SETTLEMENT OF DISPILIO, KASTORIA, NORTHERN GREECE by Yorgos Facorellis, Marina Sofronidou, and Giorgos Hourmouziadis; Radiocarbon, Vol 56, Nr 2, 2014, p. 511–528, DOI: 10.2458/56.17456. Во текот на ископувањата биле откриени керамика, дрвени структурни елементи на згради, семиња, коски, лични орнаменти, флејти (едни од најстарите во Европа) и што е најважно — дрвената Дупјачка таблица врз која има знаци или некаков натпис од VI милениум п.н.е.
Цркви мини|десно|Црквата „Вознесение Христово“ Црква „Св. Никола“ — енориски храм од 1897 г. Црква „Вознесение Христово“ од XIX век Црква „Св. Атанасиј“ од 1991 г. Црква „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ — средновековна црква во рушевини крај на езерскиот брег, 1 км северно од селото
Природни знаменитости Духло — пештера од културно и историско значење
Личности
Поврзано Дупјачка таблица Пополе
Литература Δισπηλιό: Επιστροφή στο 6.000 π.Χ., Ειδικό αφιέρωμα περιοδικού Γεωτρόπιο τεύχος 60 σ. 76-79 (Ιούν. 2001) Χουρμουζιάδης Γ. Το Δισπηλιό Καστοριάς : ένας λιμναίος προϊστορικός οικισμός, Κώδικας, 1996 Χουρμουζιάδης Γ. Δισπηλιό, 7500 χρόνια μετά, Θεσσαλονίκη, 2002. Χουρμουζιάδης Γ. Ανασκαφής Εγκόλπιον, Αθήνα, 2006.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место за археолошките ископувања во Дупјак Официјално мрежно место на поранешната општина Македнес
Категорија:Костур (општина) Категорија:Дебар (Албанија) Категорија:Прединдоевропејци