Гулаб (Columba livia) - вид птица.
Изглед Должината на гулабот изнесува 32-34 cm, распонот на крилјата околу 63 cm, должината на опашката 10 cm, а тежи околу 330 гр. Женката е нешто помала од мажјакот. Во својата основна форма е со сива боја и зелени и виолетови одблесоци на главата и вратот, но градските форми се појавуваат во најразлични бои. На крилјата се наоѓаат две црни ленти и еден обоен црн прстен околу вратот. На долниот дел од грбот се наоѓаат посветли пердуви. Женката е со нешто посветла боја и има значително помал сјај на градите и вратот. Со помош на зашилените крилја гулабот лета вешто и брзо.
Исхрана мини|Домашни гулаби се хранат со пченица Гулабот се храни со зрна од житарици, коров, репки, моркови, грашок и лен. Иако за време на сеидбата, гулабите јадат жито или друг житни растенија, тие јадат многу повеќе семки од различни видови на коров, на коишто им придаваат предност дури и кога имаат избор, затоа гулабите се покорисни од она што се мисли.
Размножување
Додека дивите варијанти на гулаби гнездата ги градат на стрмни карпи, градските гулаби за таа цел користат мостови, издадености над прозорци и слични градби. Женката до трипати годишно снесува во гнездото по две јајца. Двата родители седат на јајцата и се грижат за младите птички. Исто така, тие остро го бранат подрачјето на гнездење и ги бркаат сите натрапници, клукајќи со клунот. Откако ќе се спарат, мажјаците и женките остануваат заедно до крајот на животот.
Распространетост Го има во Јужна Европа, Југозападна Азија и Северна Африка.
Гулабот во уметноста и во популарната култура Гулабот како тема во книжевноста „Тројцата браќа и гулабицата“ - кавкаска народна приказна.Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 67-73. „Гулабот и гулабицата“ (српски: Голуб и голубица) - српска народна песна.Народне лирске песме. Београд: Просвета, 1963, стр. 67. „Трошки од кифла“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 32-34. „Чавката, гулабот и капетанот“ - песна на рускиот поет Владимир Ерл од 1969 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 180-181. „Јорданската гулабица“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1918 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 162-163. „Орелот и гулабот“ - песна на Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 31-32. „Гулабот“ - книга на германскиот писател Патрик Зискинд.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 18. „Голаб на барикада“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 8. „Гулаби“ — песна во проза на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 197. „Гулабици“ — песна на македонскиот поет Јован Котески.Славко Јаневски, Глуви команди. Мисла, Скопје, 1966, стр. 59. „Касида за мрачните гулаби“ (шпански: Casida de las palomas oscuras) - песна на шпанскиот поет Федерико Гарсија Лорка.Федерико Гарсија Лорка, Неверна жена. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 151. „Гулаби“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 219. „Заспивалка на гулабицата“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 33. „Градот на гулабите“ - книга на македонскиот писател Александар Поповски. „Поштенски гулаб“ - збирка поезија на чешкиот поет Јарослав Сајферт од 1929 година.„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94. „Гулаби“ — брзозборка на македонскиот писател Јован Стрезовски.Ономоно дономоно. Просветно дело АД - Скопје, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2007, стр. 5. „Летачот“ - краток расказ на македонскиот писател Јован Стрезовски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 48. „Смртта на гулабите“ - расказ на рускиот писател Јуриј Трифонов.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 289-304.
Гулабот како тема во музиката „Кога плачат гулабите“ (When Doves Cry) - песна од албумот „Пурпурен дожд“ (Purple Rain) на американскиот пејач Принс (Prince) од 1984 година. „Синиот гулаб“ (Plavi golub) - песна на хрватската рок-група „Азра“ (Azra) од 1983 година.Branimir Štulić svira PLAVI GOLUB - YouTube (пристапено на 12.1.2017)
Гулабот како тема во филмот „Еден гулаб седеше на гранка и си размислуваше за постоењето“ (En duva satt på en gren och funderade på tillvaron) - филм на режисерот Рој Андерсон од 2014 година.Пази се! Доаѓа Cinedays 13. Скопје: Младински културен центар, 2014, стр. 36.
Наводи
* Категорија:Птици Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Таксони опишани од Јохан Фридрих Гмелин