HTML како јазик се развивал во текот на 7 години. За тоа време еволуираше од едноставен јазик со мал број на ознаки (анг. Tags) во комплексен систем, кој им овозможи на веб дизајнерите да создаваат динамични мрежни места со анимирани слики, текст и звуци. Целта на оваа статија е да им даде претстава на читателите, како HTML кој денес го користиме беше развиен од прототип создаден од страна на Тим Бернерс-Ли во 1992.
1989 — воведување на HTML како јазик за објавување
Светската мрежа (World Wide Web — WWW) се роди таму кај што најмалку би ја очекувале, во [CERN] - Европската лабораторија за честички во Женева, Швајцарија. CERN е место каде се наоѓаат физичари од целиот свет. Тим Бернерс-Ли е пронаоѓачот на Веб. Во 1989 Тим работел во центарот за компјутерски услуги во CERN кога ја добил идејата за Веб, во тоа време тој не очекувал дека неговиот пронајдок ќе биде имплементиран на светско ниво. Истражувањата кои се спроведувале во CERN често вклучувале комуникација и соработка со институти од целиот свет. Тим добил идеја да им овозможи на сите истражувачи од светот да ги сумираат податоците од своите истражувања на едно место и истите да ги користат. Но неговата идеја не била само да овозможи сите документи од истражувањата да им бидат достапни за преземање на другите истражувачи, туку тој им предложил дека може истите да ги поврзе меѓу себе, односно податоците кои се наоѓале во тие документи да бидат меѓусебно поврзани. Ова би значело дека додека читате еден документ во истиот момент можете да отворите друг документ кој содржи важни информации, дијаграми, слики и др. кои подетално ја објаснуваат содржината на документот којшто го читате. Документацијата од научна и математичка природа би била презентирана како мрежа од информации во електронска форма зачувани на компјутери низ целиот свет. Ова Тим сакал да го реализира со помош на хипертекст односно поврзување на документите со помош на копчиња на екранот, и потоа со едноставно кликање на нив да скокате од еден во друг документ. Пред да се вработи во CERN Тим веќе работел на изработка на електронски документи и на електронска обработка на текст, уште тогаш Тим го развил својот прв хипертекст систем «Enquire» за негова лична употреба. Тим својот прототип за прелистувач го создал во 1990.
1990 — Вистинското време за пронајдокот на Tim
Фактот дека WWW е воведена во 1990 не е коинциденција. Развојот во комуникацијската технологија во тој период навестуваше дека нешто како WWW ќе се појави. За почеток хипертекстот беше во мода и беше употребуван на компјутерите. Исто така бројот на интернет корисници се зголемуваше, то есть бројот на корисници со потреба за споделување на информации. Последно но не и најмалку важно, со воведување на DNS (domain name systems) наоѓањето на определени компјутери беше многу поедноставно и полесно. Хипертекст
Иако веќе беше поставен како концепт во 1940 од страна на академици, брзиот развој на компјутерите придонесе хипертекстот да излезе од плакарот. Во доцните 1980, Бил Аткинсон исклучително талентиран програмер кој работел во Apple Computer Inc. вовел апликација наречена хиперкартичка (hypercard) за Мекингтош. Хипер картичката овозможувала да се создаваат серии од «картички за пополнување» кои содржеле текстуални и графички информации. Корисниците имале можност да ги прегледуваат овие картички со помош на копчиња кои се наоѓале на екранот. Хипер картичката претставувала основа за развој на уште апликации засновани на идејата «картички за пополнување». Во 1990 е создадена книга со упатства за создавање и употреба на хипертекстот, како и за додавање на копчиња за навигација на страните. Зад овие копчиња стоеле мали програми наречени скрипти, кои регулирале која страна ќе биде прикажана. Хиперкартичката заедно со другите апликации слични на неа за кратко време станаа популарни, но сепак сите овие апликации има едно големо огрничување. Овие апликации биле во можност да прегледуваат само документи зачувани на еден компјутер, никој сѐ уште немал идеја како со помош на хипертекстот да се прегледуваат документи зачувани на други компјутери.
DNS (Domain Name System)
Во средината на 1980 Интернетот доби нов, лесен за користење начин на кој ќе ги именува компјутерите. Компјутерите биле именувани со помош на букви разделени со точки, овие имиња биле многу полесни за помнење за разлика од ИП (Интернет Протокол) адресите. Програма наречена Distributed Name Service (DNS) на секоја IP-адреса и доделувала име, односно зад секое име на компјутер стоела IP-адреса која корисниците не ја гледале. Со ваквиот систем на именување на компјутерите и е-пошта адресите станале многу полесни за употреба. Пред да се воведе ваквиот начин на именување на компјутерите корисниците е-пошта адресите ги паметеле заедно со Интернет Протокол адресата најразлични знаци како прашалници, извичници, проценти и сл.
Избирање на вистинскиот пристап за создавање на глобален хипертекст систем
За Тим Бернерс-Ли глобалната мрежа на хипертекст врски изгледала остварлива, но клучното прашање било да се избере најсоодветниот начин за нивно имплементирање. Користење на постоечкиот хипертекст систем изгледало како привлечна понуда, но сепак тоа било непрактично од неколку причини. За да се користи било која хипертекст алатка на светско ниво потребно е да се земе предвид дека во светот постојат голем број на различни компјутери како на пример лични сметачи, Мекингтош, UNIX па дури и обични терминали. Исто така комерцијалните хипертекст пакети биле различни во зависнот на каков компјутер биле користени и не биле во можност да преземаат или да испраќаат текст помеѓу себе. Она што беше потребно беше нешто едноставно, барем на почетокот. Тим успеал да ја постави основата, притоа самиот дизајнирал софтвер за испраќање на текст, и развил свој сопствен протокол ХТТП (HTTP — HyperText Transfer Protocol) за трансфер на документи и податоци со помош на хипертекст врски (hypertext links). Документите и податоците кои биле пренесувани преку ХТТП протоколот биле во ХТМЛ [HTTP — HyperText Markup Language]формат.
ХТМЛ е заснован на претходно прифатени меѓународни правила за обележување на текст
ХТМЛ на Тим е заснован на СГМЛ (SGML — Standard Generalized Markup Language) меѓународно прифатен јазик за уредување на текст. Поголем дел од правилата кои важат за ХТМЛ се од СГМЛ, како на пример ознаки за нов параграф (p), големина на текст (h1…h6), подредена листа (ol), неподредена листа (ul), елементи на листа (li) и сл. Она што е новитет кај ХТМЛ е можноста за поврзување на повеќе документи сместени на различни компјутери со помош на ознаката (а). Идејата за поврзувањето на документите како и новиот начин на именување на компјутерите се идеи на Тим.
Септември 1991: Дискусијата за ХТМЛ започнува
Тим во никој случај своите идеи не ги чувал за себе, напротив тој напорно се обидувал да дискутира на оваа тема преку интернет. Во септември 1991 започнаа таканаречените WWW разговори, ентузијасти од целиот свет имаа можност да учествуваат во дискусиите да ги изнесуваат своите идеји, мислења. Во 1992 голем број на академици и компјутерески истражувачи покажале голем интерес. Dave Regget вработен во Hewlett Packard Lab, Бристол — Англија со голем интерес ги следел овие дискусии. Во 1992 Dave го посетил Tim. Тие заедно дискутирале за ХТМЛ неговите можности и начини како да го унапредат, како би требал да изгледа за да биде привлечен за корисниците, Dave разгледувал списанија издвојувајќи некои каратеристики кои ХТМЛ би требал да ги има. Откако се вратил во Англија Dave седнал на својата тастатура и го создал ХТМЛ+, побогата и подобрена верзија од претходната.
1992 : NCSA е заинтригирана за предлогот за Web
За идеите на Тим се заинтересирале Joseph Hardin и Dave Thompson вработени во Националниот Центар за апликации за суперкомпјутери (NSCA — National Center for Supercomputer Applications) институт за истражување на универзитетот Илиноис. Тие успеале да се поврзат со компјутерот во ЦЕРН и да симнат два бесплатни пребарувачи. Согледувајќи ја важноста на пребарувачите тие одлучиле да направат свој пребарувач наречен Mosaic. Помеѓу програмерите во CERN биле и Marc Andreessen, кој потоа заработил милиони продавајќи производи на интернет, и брилијантниот програмер Eric Bina, кој исто така се збогатил со помош на интернетот.
Декември 1992 — Mark Andreessen се појавува во WWW — дискусиите
Web дискусиите помеѓу ентузијастите се одвивале преку електронски групи за дискусија наречени WWW (World Wide Web) — дискусии. Тука Dave Raggett, Тим Бернерс-Ли, Ден Коноли и други дискутирале за интегрирање на сликите во ХТМЛ документите. Во дискусијата имало несогласувања за тоа каква ознака да се воведе и како да се вика таа ознака. Тогаш Mark Andreessen ја дал идејата за (img) ознаката, која била воведена од страна на Mosaic тимот. И покрај несогласувањата во врска со (img) ознаката, таа сепак била прифатена и имплементирана во ХТМЛ јазикот и ден денеска се употребува. Во меѓувреме голем број на академици и истражувачи вовеле неколку алтернативни ознаки но сепак (img) ознаката останала.
Март 1993 — Lou Montulli го објавува Lynx прелистувачот, верзија 2.0а
Lou Montulli е еден од првите кои направиле интернет прелистувач без кориснички посредник односно биле текст засновани, Lynx прелистувачот бил наменет за терминали и за компјутери кои работеле во DOS околина. Lou Montulli потоа бил повикан да работи за Netscape Communications Corp. но иако тој работел на развивање на прелистувачи тој сепак останал лојален на идејата за развивање на ХТМЛ и негово стандардизирање за глобална употреба.
Почетокот на 1993 — Dave Raggett започнува да создава свој прелистувач
Додека Eric Bina и NSCA тимот деноноќно работеле на нивниот прелистувач Mosaic, Dave од Hewlett Packard Labs. работел на неговиот прелистувач наречен Arena надевајќи се дека во него ќе може да ги прикаже сите новитети кои ги вовел во ХТМЛ.
Април 1993 — Mosaic прелистувачот е објавен
Во април 1993 Mosaic интернет прелистувачот е објавен и намент за Sun Microsystems Inc. компјутери, кои биле употребувани за софтверски развој. Microsystems Inc. компјутерите користеле UNIX оперативен систем. Mosaic прелистувачот ги проширил можностите на ХТМЛ, но подоцна голем број на акдемици имале несогласувања во врска со воведените новини бидејќи сметале дека се само за определена намена и не се добро дизајнирани.
Крајот на 1993 — Големите компании ја потцениле важноста на Web
Работата на Dave Raggett на новиот прелистувач Арена, напредувала полека од причина што тој самиот работел на неа и немал финансиски средства да најми тим, компаниите како Hewlett Packard сметале дека интернетот ќе биде неуспех односно не верувале дека има иднина во него и поради тоа не биле заинтересирани за инвестирање во развој на интернетот, едноставно биле несигурни дали може да се заработи со помош на интернетот. Уште едно од недоразбирањата било тоа што се сметало дека интернетот односно Хипертекстот е наменет за академици и научници додека пак големите компании сметале дека телефонските компании ќе овозможат глобална комуникација каква што се стремел да обезбеди интернетот. Резулатат на ваквото недоразбирање било тоа што голем број на веб истражувачи немале доволно време да посветат на унапредување на овој нов систем на комуникација, а и исто така имало и голем број на разочарани истражувачи. На Dave Raggett не му преостанувало ништо друго освен дома да продолжи да работи на својата идеја. Подоцна Арена прелистувачот на Dave Raggett бил употребен за развој во CERN.
Мај 1994 — NCSA дава лиценца на Spyglass, Inc. за користење на Арена прелистувачот
Во мај 1994 година Spyglass, Inc. потпишува мултимилионски договор со NCSA за дистрибуирање на Mosaic прелистувачот. Во август 1994 Институтот од Илиноис целосно ги отстапува правата за Mosaic прелистувачот на Spyglass, Inc.
Maj 1994 — Првата WWW конференција е одржана во Женева со ХТМЛ + на сцена