Ванчо Апостолски ( во — во Скопје) бил македонски политичар, општественик и претседател на претседателството на СР Македонија.
Учесник во НОБ. Главен и одговорен уредник на штипскиот обласен весник „Народен глас“. Во 1949 година тој е претседател на Здружението на Новинари. Соработник, уредник и од 1973 до 1982, тој ја извршува функцијата генерален директор на НИП Нова Македонија. Директор на Уредот за информации на Македонија, пратеник и потпретседател на Собранието на Република Македонија, член на Претседателството на ЦК СКМ. Од 1982 до 1986 година, тој е член на Претседателството на СРМ, во еден мандат и негов претседател.
Бил дел од делегацијата во Рим, по повод откривањето на спомен плочата во чест на Свети Кирил.
Објавил повеќе трудови посветени на македонското национално прашање и на односите со соседите, меѓу кои и „На великобугарски нациналистички позиции“.
Награди Добитник е на наградата за публицистика „Мито Хаџивасилев - Јасмин“.
Наводи
Надворешни врски Ванчо Апостолски
Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Починати во Скопје