Разбирањето и учењето на HTML може да трае само неколку дена, со читање на кодови коишто ќе ви бидат потребни во понатамошната работа. Кога еднаш ќе ги совладате таговите, вие ќе бидете способни и за создавање на мрежни места. Користењето на HTML и дизајнирањето на мрежни места е сосема различно. Добриот дизајн на мрежни места претставува половина вештина, половина талент. Учејќи ги техниките и правилната употреба на вашето ознака знаење, ќе се подобри вашата работа неминовно. Додека разбирањето на генералниот дизајн и разбирањето на публиката која што се обидувате да ја допрете преку мрежното место, ќе ви ги зголеми шансите за успех. За среќа овие работи можат да бидат истражени и разбрани сè додека постои волја кај вас за работа, сè со цел создавање на подобри мрежни места. Што е HTML? HTML е програмски јазик создаден да овозможи создавање на мрежни места. Овие места можат да бидат пристапени од секој којшто е поврзан на Интернет мрежата. Јазикот е релативно лесен за учење, целокупните основи на јазикот можат да бидат совладани од повеќето луѓе, за релативно кратко време. Исто така е доста моќен во однос на она што ти го овозможува да го направиш. Постојано е подложен на одредени ревизии и еволуции, сè со цел за да одговори на барањата и потребите на сè поголемата Интернет публика, која пак е под водство на W3C, организација која што е задолжена за дизајнирање и одржување на јазикот.Дефиницијата за HTML е HyperText Markup Language. HyperText е метод според кој можеш да се движиш наоколу по мрежата, со кликање на хиперврски коишто те носат веднаш на наредната страна. Самиот факт што е Hyper, означува дека не е линеарен, односно можеш да одиш на било кое место на Интернет, во било кое време, со кликање на врски, и не постои посебна наредба како треба да се извршат нештата. Markup е она што HTML ознаките го прават на текстот, којшто е сместен внатре во нив. Го маркираат како определен вид на текст (итализиран текст на пример). HTML е Јазик, којшто во себе содржи кодовни зборови и синтакса, како и секој друг јазик.Ross Shannon, What is HTML?, HTMLSource Како функционира? HTML се состои од серии на кратки кодови, напишани во текстуален директориум од самиот автор — ова се таканаречените тагови. Текстот потоа е снимен како html податотека, и е достапен преку прелистувач како што е Интернет Експлорер или Нетскејп. Овој пребарувач го чита податотекаот, и го преведува во видлива форма, со надеж дека страната ќе биде рендерирана како што намерил авторот. Пишување на сопствен HTML, вклучува правилно користење на ознаки за создавање на сопствена верзија. Може да се користи се, од обичен текстуален уредувач до моќен графички уредувач (англиски: editor) за создавање на HTML страници. Структура на HTML страна HTML страната претставува сет од инструкции, коишто му сугерираат на твојот Интернет пребарувач, како да ги прикаже вметнатите слики или текст помеѓу таговите. Пребарувачот знае за каков тип на страна се работи, врз осснова на отворачкиот таг на почетокот на страната , и затворачкиот таг односно оној којшто ја затвора страната . Поголемото мнозинство на HTML тагови, доаѓаат како парови, при што затворачкиот ознака секогаш има коса црта пред него. HTML страната е поделена на две примарни секции: <head> и <body>. Информацијата поврзана со целиот документ оди во head секцијата: насловот, описот, клучните зборови и други јазични елементи, коишто можат да бидат «повикани» од body. Содржината на мрежната страница е сместена во body секцијата. Целиот текст, графичките елементи, вметнати анимации, Java апликации и други елементи на страната се сместени помеѓу отворачките и затворачките body тагови. Еве и еден пример како од прилика би изгледала една HTML страна W. Lowery, Joseph, Dreamweaver® MX Bible, Wiley Publishing, Inc., Indianapolis, Indiana, 2002:
<!DOCTYPE HTML PUBLIC “-//W3C//DTD HTML 4.01 Transitional//EN”> Документ Зошто служат таговите? Таговите се тие коишто го одвојуваат нормалниот текст од HTML кодот. Може да ни бидат познати како зборови, коишто се сместени помеѓу заградите од типот <>. Тие дозволуваат сите битни работи на една страна, како слики и табели да бидат прикажани, само со давање на наредби на вашиот пребарувач што да рендерира на страната. Различните ознаки извршуваат различни функции. Самите ознаки не се прикажуваат кога страницата ќе се отвори, но затоа нивните ефекти се прикажуваат. Најпростите ознаки не прават ништо друго, освен што вршат форматирање на текст. Список на HTML ознаки Основна структура !DOCTYPE - DTD (Dcument Type Declaration), ова му кажува на вашиот Интернет пребарувач, која верзија на HTML ја користите. Осигурајте се дека ја користите вистинската DTD, или страницата може да се прикаже со грешки. html…/html - Стандарден отворачки и затворачки ознака за било која HTML страница. Се останато е вклучено помеѓу овие два тага. !--…-- - Каков коментар и да оставите, тоа ќе биде прескокнато од страна на пребарувачот. head…/head - Ја стартува Header секцијата на вашиот документ. Се помеѓу овие два тага, му помага на вашиот пребарувач и на пребарувачите вметнати на мрежните места да ја класифицираат вашата страница. Користењето на овој ознака е опционално, но задолжително. title…/title - Што и да се наоѓа помеѓу овие два тага, ќе се појави на сината лента, на врвот од екранот. meta - Група на тагови, која што на пребарувачите (англиски: search engines) им дава специфични информации за творецот и за мрежната страница. base - Ја менува стандардната линк мета или релативниот URL линк, корисно доколку страницата е прочитана на друг опслужувач. link - Дозволува поврзување на stylesheets и favorites icon на твојата страница. body…/body -Се што е видливо на вашата страна се наоѓа помеѓу овие два тага. Врски a…/a - Го претвора внесениот текст или слика во хипервска до некој друг податотека. Списоци ol.../ol - Создава подредена листа, каде што секој поим е нумериран во одреден ред. ul.../ul - Создава неподредена листа, каде што пред секој поим стои bullet знак. li - Секој поим започнува со li, и сите се сместени во подредена или неподредена листа. dl - Создава дефинициона листа dt - Создава дефиниционен услов dd - Создава дефиниција, која што се појавува под нејзиниот родител и е идентификувана од лево. Мултимедиjа img - Овозможува вметнување на слика, на вашата страна. embed - Додава мултимедија елемент на вашата страна, дозволувајќи му на вашиот Интернет пребарувач да го пушти, со помош на plug in. script.../script - Овозможува додавање на код, обично JavaScript на вашата страна. noscript.../noscript - Затвора се коешто сакате да биде прикажно од вашиот пребарувач, а коешто не поддржува скрипти. Табели table.../table - Вметнува табела на вашата страница. caption.../caption - Содржи наслов на табела или наслови на различни типови. Ќе се појави на врвот, доколку не е определено поинаку. Овој таг не смее да биде содржан во tr или td. tr.../tr - Започнува нов ред во табела. td.../td - Затвора нов ред од табела. th.../th - Содржината внатре се појавува болддирана и поставена во центарот. thead.../thead - Го дефинира горниот главен дел, на некоја поголема табела. tbody.../tbody - Го дефинира главниот дел на телото на комплексна табела. tfoot.../tfoot - Поставете ги ознаките околу долниот дел на табелата. colgroup - Овозможува поставување на атрибути за цела една колона. Секоја колона мора да биде определена секвенционо. Рамки frameset... /frameset - Дава нова позадина на рамката. Кога се конструира врамена страна, body не се користи. frame - Дефинира една рамка од цел сет на рамки. noframes... /noframes - Ако посетителот поседува стар пребарувач којшто не поддржува рамки, можете да оставите порака или каков било коментар помеѓу овие тагови. iframe.../iframe - Внесува внатрешна рамка. Ова може да биде поставено било каде на една нормална страна и не мора да биде дел од сет на рамки. Формулари form.../form -Започнува формулар. Се додаваат било кои дефинирани елементи на еден формулар. input - Дозволува додавање на различни варијанти на кориснички инпут полиња, како што се text - boxes, checkboxes, radio buttons, submit и reset буттонс, зависно од тоа како сте ги определиле типовите на атрибути. textarea.../textarea - Додава повеќелинеарни делови наменети за текст и за пишување, погодни за внесување на голема количина на информации отколку во еднолинеарните делови за текст. Каков било текст додаден помеѓу ознаките се вметнува на определеното место, кога страната се полни. select.../select - Поставува празен drop down selection box. Може да се додадат опции за избор преку ... тагот. fieldset.../fieldset - Ти овозможува да извршиш групирања на елементите од формуларот во логични целини. legend.../legend - Со овој ознака може да се постават наслови на fieldsets. label.../label - Може да го направите објаснувачкиот текст, којшто се наоѓа веднаш до формуларниот елелмент , во област која што може да биде кликната, што го прави селектирањето на елемнтите многу полесно. Форматирање на текст address.../address - Го затвора потписот и адресата на авторот, прикажана во италик. b.../b - Го претвора текстот во болдирана форма. big.../big - Го прави текстот за една гоемина поголем. blockquote.../blockquote - Го вовлекува текстот од двете страни. br - Ја прекинува сегашната линија, и започнува нов текст. center.../center - Ги поставува опфатените обијекти од ознаките во центарот. cite.../cite - Вклучува цитат и обично е прикажан во италик. code.../code - Ако сакате да вклучите HTML код во вашите документи, поставете ги овие ознаки околу текстот. Се прикажува како намален текст. dfn.../dfn - Дефиниција. div.../div - Вметнете различни делови од вашата страна помеѓу овие два тага, со коишто би се поделила страната на логични целини. em.../em - Го потенцира вметнатиот текст, притоа претворајќи го во италик. font.../font - Ги поставува опциите за фонтовите кај селектираниот текст. hx.../hx - Го поставува текстот како заглавје (наслов), со вредности од h1 до h6. hr - Вметнува сива хоризонтална линија, преку страната. i.../i - Стандарден ознака за италик. kbd.../kbd - Имплицира дека текст мора да биде внесен преку тастатура. Се прикажува како монопросторен и мал текст. nobr.../nobr - Му дава наредба на вметнатиот текст да не прекине на работ од мониторот, туку да продолжи за онолку колку што е потребно. wbr - Ако сакате да има прекин на линија во цел блок од текст, мора да го поставите во nobr, и да го додадете ова p.../p, го претвора селектираниот текст во параграф со прескокнати линии на дното и на врвот. pre.../pre - Го прикажува текстот со подесена ширина на фонтот и го задржува оригиналниот формат на оригиналниот текст. q.../q - Се користи за да се обележат кратки цитати, некои пребарувачи дури и ги означуваат цитатите. s.../s - Го прикажува текстот со strike - trough. samp.../samp - Индицира аутпут на примерок од формулар или од некоја програма. Текстот се појавува во намален фонт. small.../small - Го прави вметнатиот текст помал за една големина. strong.../strong - Го потенцира вметнатиот текст, којшто се прикажува како болдиран. sub.../sub - Текстот се појавува во subscript, што всушност означува прикажување на зборови под нормалниот текст. sup.../sup - Сестринскиот ознака на саб тагот, ова го прикажува текстот во superscript. tt.../tt - Го прикажува текстот со подесена ширина на фонтот, монопросторен фонт, како кај стара машина за пишување. u.../u - Го прикажува вметнатиот текст како подцртан.Ross Shannon,HTML tag references, HTMLSource Историјат