{| align=right
Луј Антоан д'Артуа или Луј XIX (роден на 6 август 1775 во дворецот Версај - починал на 3 јуни 1844 во Горица) бил крал на Франција од Бурбонската династија и крал на Навара. Станал крал на 2 август 1830, но владеел само 20 минути. Во тоа време, во Париз избиле нереди, познати како Јулска револуција. Во овие нереди, народот барал, кралот Шарл X да абдицира, а истото да го сторат и неговите наследници, во корист на Луј-Филип. По абдикацијата на неговиот татко, Луј се мислел дали да абдицира или не. Неговата сопруга, Марија Тереза го советувала да не абдицира, но тој сепак абдицирал, во корист на војводата од Бордо. По тоа, ја напуштил земјата и никогаш повеќе не се вратил во Франција. Во егзил бил познат како „војводата од Марне“. Умрел во Горица во 1844.
Официјално го наследил Анри V.
Категорија:Династија Бурбони Категорија:Кралеви на Франција Категорија:Европски монарси од 19 век Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа Категорија:Родени во 1775 година Категорија:Починати во 1844 година