Петко Домазетовски — македонски поет, раскажувач и фолклорист.
Животопис Петко Домазетовски е роден на година во с. Јабланица, Струшко. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работи како претседател и главен и одговорен уредник во Друштвото за наука, култура и уметност „Браќа Миладиновци“ - Струга. Покренувач е и главен и одговорен уредник на гласникот на Друштвото „Изворник“ (списание за наука и култура). Член на ДПМ од 1971 година. Добитник е на наградата „Ванчо Николески“ (за песна, Битола)Петко Домазетовски,Македонска народна поетска ризница.
Творештво
Каде спие ветерот (поезија, 1966) Смирено небо (поезија, 1969) Читанка за 5-6 курс за основно образование на возрасните (1978) Сонцето е чудно (поезија, 1972) Поздрав на пролетта (раскази, 1972) Партизански раскази (избор, 1979) Планински шепоти (поезија, 1981) Патор, патор, ножиња (избор од народна поезија, 1983) Игри немирни (поезија, 1985) Радосни трепети (поезија, 1990) Брези и залези (поезија, 1995) Како се буди денот (поезија, 1995) Македонско народно литературно богатство (прирачник за ученици од основните училишта, соавтор) Сонот на детето (поетска читанка, соавтор, 1996) Читанка за ИВ одделение (соавтор, 1999) Српски извори за историјата на македонскиот народ (1892-1899), заедно со д-р Глигор Тодоровски, 1999) Ѕунат трепетликите (поезија, 1999) Галоп на дождот (поезија, 2000) Чудна шара Буба Мара (поезија, 2000) Народни сказни од Долни Дримкол (2000) Седит моме на сребрено столче (народна поезија, 2000) Подвиквет ми капидан од горје (народна поезија, 2000) Јабланица, Долни Дримкол - Струшко (монографија, 2000) Нашите зимски празници (соавтор, 2000) Тропнало оро големо (народна поезија, 2000) Македонски народни пословици (соавтор, 2000) Нашите пролетни празници (соавтор, 2000) Нашите зимски и пролетни празници (соавтор, 2000) Гора и рамнина (поезија, 2000) Читанка на македонски раскази за деца (соавтор, 2000) Окупацијата на западна Македонија 1941-1944 (документи, заедно со д-р Глигор Тодоровски, 2000) Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Струга Категорија:Јабланица (село) Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски фолклористи