Благоја Иванов ( година, Скопје - 5 ноември 2022, Скопје) — македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 95.

Животопис Благоја Иванов бил роден во Скопје на 4 февруари 1931 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје и директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драмски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература“ и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи“. Бил член на Македонскиот ПЕН центар. Тој станал член на Друштво на писателите на Македонија во 1958 година, и потоа бил негов претседател. Тој бил добитник на наградите: „1 Мај“, на Недела на радио драмата на ЈРТ, „Рациново признание“, „Кочо Рацин“.Македонски ПЕН

Творештво Седум умирања (проза, 1956) Ноќ без починка (раскази, 1958) Црвено рондо (раскази, 1964) Патувања (лирски минијатури, 1967) Ветрови (роман, 1969) Соочувања (критики и есеи, 1971) Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973) Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975) Една година и цел живот (роман, 1978) Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983) Бланка (проза, 1985) Малата врата на надежта (раскази, 1985) Маалски игри (роман за млади, 1989) Чекање на зората (роман, 1998) Сватови (раскази, 2000) Сомнеж (роман, 2007) Зборови од старо сеќавање (кратки раскази, 2008) Раска в грло (раскази, 2011) Кораби (раскази, 2014) Актери автори (осврти) Птиците од дворот (раскази, 2015) Скопски дамари (антологија, раскази, 2020)

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 41-44.

Иванов се занимавал и со превод од француски јазик.„Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 355.

Наводи

Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски уредници Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски преведувачи Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Добитници на наградата „Кочо Рацин“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“