Јозо Т. Бошковски-Јон (Острилци, Крушевско, — , ) — македонски поет, раскажувач, есеист, преведувач и сликар.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 44.

Животопис Јозо Бошковски е роден во селото Острилци, Крушевско на 14 јануари (6 февруари) 1933 година. Основното образование го стекнал во родното село и во Крушево, а во 1954 година ја завршил учителската школа „Браќа Миладиновци“ во Битола. Потоа работел како воспитувач во интернатот на основното училиште „Никола Карев“ во Крушево и како наставник по македонски јазик и по музичко воспитување во основното училиште во селото Обршани. Потоа работел како новинар во неколку медиуми: Радио Скопје, „Вечерен репортер“, „Трудбеник“, „Вечер“ и Телевизија Скопје. Во 1969 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на југословенските народи и народности, а потоа на истиот факултет стуридал и филозофија.Јозо Т. Бошковски, Деца и цвеќиња и ѕвезди, Нов свет, Скопје, 1981.

Бошковски бил член на ДПМ од 1965 година. Тој е добитник на наградата Гран При на Средоземјето (Мадрид, 1980), доделена врз основа на анонимниот конкурс на Европската академија за литература и уметност, со седиште во Неапол, Италија. Тогаш му била доделена титулата Академик Поет и бил примен за почесен член на Европската академија.

Бошковски починал на 2 април 2008 година во Скопје, но бил погребан во родното село.

Творештво Јозо Т. Бошковски пишувал поезија, раскази, ликовни критики и есеи од областа на теоријата на уметноста, а се занимавал и со ликовно творештво. Тој е еден од најнеобичните автори во македонската култура. Автор е на повеќе од дваесетина екстравагантни книги од сите жанрови (поезија, раскази, драми, есеи, уметничка теорија, дневници итн.). Неговите песни биле објавени во Австрија, Австралија, САД, Индија, Велика Британија, Холандија, како и на турски, албански и српскохрватски јазик во рамките на поранешната Југославија. За своите дела, тој има добиено неколку награди и признанија: трета награда како ученик на Учителската школа во Битола (1950); трета награда на конкурсот на Скопската железарница (1978); неговата песна „Необрзно патување“ била одбрана и објавена меѓу десете најдобри песни на југословенскиот поетски конкурс „Златна струна“ во Смедерево (1978); на 27 април 1980 година му била врачена првата награда (Гран при на Средоземјето) на конкурсот на Европската академија за литература, наука и уметност со седиште во Неапол. исто така, тој има добиено и една награда за ликовна уметноста, на конкурсот на списанието „Телеуропа“ од Рим. Био-библиографски податоци за Јозо Т. Бошковски се објавени во повеќе изданија на Меѓународниот биографски центар во Кембриџ, во книгите „Кој е кој во Југославија“ и „Кој е кој во македонската литература“.

Библиографија Бој со гадурија (поезија, 1963) Активен поет - говорник (поезија, 1966) Македонска трагедија (поетска драма, 1966) Цветовина (поезија и цртежи, 1969) Мудрости на сонцето - Знаја - Крајни консеквенции (поезија, есеи и цртежи, 1976) Чудотворниот конец на убавината (материјали за културата на македонскиот народ, претходно објавени во скопскиот печат, 1980) Умиште - глава на вселената (монографија, 1980) Вечна река (поезија, 1980) Деца и цвеќиња и ѕвезди (поезија за деца, 1981) Т'га за југ (антологија на македонската поезија, Индија, 1981) Осветлен човек (поезија, 1984) Црна поезија (1984) Светла на вселената (поезија, 1989) Умиште (монографија, 1990) Големата експлозија (поезија и есеи, 1992) Лек против смртта (поезија и есеи, 1994) Скопската овца (раскази, 1996) Умжарт (поезија, 1998) Атлантида вистинската и Македонија - високоцветна Македонија (историја и поезија, 1998) Триумф на материјата (естетика - водич, 2000)

Неколку негови кратки есеи-приказни се објавени во српскито избор од неговото творештво, „Жетвата на вселената“ (Сетва свемира) од 1989 година, а три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 49-54 и 355.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Острилци Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски есеисти Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје