Думитру М. Јон () — романски поет, раскажувач, романописец, есеист, критичар, драмски автор, преведувач, антологичар.

Животопис Думитру Јон е роден во с. Бретешти, Куртеа де Арџеш, Романија на година. Завршил Академија за театар и филм „Ј. Л. Караџале“, Букурешт, 1971 година. Член на Сојузот на писателите на Романија е од 1967 година. До Револуцијата (1989) работел како професионален слободен писател. Од 1991 година ги создал книгоиздателството „Ориент Окуирент“, чиј сопственик е, Меѓународниот фестивал Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш (1997) чиј претседател е, како и Меѓународната академија Ориент - Оксидент (1998) на која е претседател. За член надвор од работниот состав на МАНУ е избран во 2000 година. Почесен член на ДПМ.

Творештво Автор е на книгите: Јадец (поезија, 1966), Летачки чинии (роман за деца, 1969), Лов (поезија, 1969), Балкански (поезија, 1970), Коњски Велигден (роман, 1970), Поет на дванаесет години (поезија за деца, 1972), Фалшив трактат за лов (поезија, 1973), Сказна за прекрасните патувања (роман, 1973), Сир и Еликсир (драма и стихови, 1973), Боја и арома(поезија, 1974), Надмености (поезија, 1974), Лов на тигри(проза и песни во проза, 1976), Метеор кој заборавил да падне (роман за деца, 1976), Елфи во Горуса (романи, 1979), Вавилон (романи, 1981), Лов(избор поезија, 1981), Скрибот и претставата (роман, 1985), Јован Метафора (поезија, 1986), Ѓаволот во Свети Стефан (романи, 1998), Фараон (стихови, 2000). Автор на антологијата Македонска лирска фаланга (1991). Превел и објавил над 60 книги од македонски писатели. Добитник е на наградите: „Лучеафаул“ (за поезија, 1964), „Наполи оспити“(поезија, Неапол. Италија, 1970), „Албатрос“(за проза, 1970), Н

Награди Награда на Сојузот на писателите од Романија (1974, 1982), Награда на Сојузот на Младина на Романија (за поезија, 1974), награди на Сојузот на книжевните преведувачи на Македонија (1977, 1982, 1986, 1989, 1991), Награда за најубава песна, Струшки вечери на поезијата, 1993 г. Почесно „Рациново признание“ (2000).

Категорија:Романски писатели Категорија:Романски поети Категорија:Живи луѓе Категорија:Академици на МАНУ