Мустафа Карахасан — македонски раскажувач, романописец, есеист и драмски автор.
Животопис Карахасан е роден во на година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел во Републичкиот завод за унапредување на школството на Македонија. Член на ДПМ од 1979 година. Автор е на книгите: Малите херои (раскази, 1950), Ваташанка (раскази, 1951), Солзи во срцето (раскази, 1954), Белешки од затворот (сеќавања, 1955), Сузана (роман, 1956), Мара (роман, 1972), Седмоглавиот џин (раскази за деца, 1973), Титова идеологија (студија, 1980), Одбрани трудови или Македонија од преродбата до социјалистичката револуција 1879-1945 година (1983).Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 115.
Основното и средното образование го завршил во Кралството Југославија. Во предвечерието на Втората светска војна се приклучил на југословенското револуционерно движење. Во 1939 година го напишал својот прв расказ „Фикри Абла“ (Fikri Abla). Во 1941 година бил меѓу организаторите на востанието во Македонија. Од страна на бугарскиот фашистички окупациски режим трипати бил осудуван на смртна казна. Поради тоа, останал во Косово сè до 1945 година.
По враќањето во Скопје, на 3 јануари 1946 година започнал да работи како новинар во Радио Скопје. Истата година, во списанието „Бирлик“ (Birlik) е објавен неговиот расказ „Една ноќ во затвор“.
Во 1948 година била поставена „Убедување“ (Inandırmak), првата драма напишана на турски јазик во Македонија. Една година подоцна, тој го овозможил објавувањето на „Дела на младите македонски турски писатели“, првата книга на современата македонска турска книжевност. Во 1950 година бил избран за член на Централниот комитет на Народната младина на Македонија и го основал Здружението на турските писатели во Македонија. Истата година била објавена неговата прва збирка раскази на турски јазик во Македонија, „Мали војници“ (Küçük Erler). Кратко време работел како главен и одговорен уредник на весникот „Бирлик“. Исто така, работел како директор на основното училиште „Тефејуз“, на Учителската школа на турски јазик и на Театарот на народностите.
Во 1956 година е објавен неговиот роман „Сузан“. Кон крајот на истата година, по дипломирањето на Групата за педагогија и психологија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Скопје, тој се преселил во Белград. Причина за преселбата бил зголемениот политички притисок врз него поради неговиот став околу иселувањето на македонските Турци во Турција, како и тврдењето дека статијата за Ататурк што ја напишал во весникот „Бирлик“ била „навреда за Јосип Броз Тито“. Работел како советник во Одделението за печат при сојузното Секретаријат за информации на Југославија. Се пензионирал во 1964 година. Во 1970 година станал член на Друштвото за развој на образованието и школството на Македонија. Својата работа ја фокусирал на историјата. Во 1990 година станал дописен член на Турското историско друштво (Türk Tarih Kurumu).
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Турци Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски есеисти Категорија:Македонски драмски автори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски Турци Категорија:Починати во Белград