Трајче Кацаров — македонски поет, раскажувач, есеист и драмски автор.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 116.
Животопис Кацаров е роден во Штип на година. Завршил Академија за филм и театар во Софија, Бугарија. Магистрирал на Институтот за македонска литаратура на универзитетот ,„Св.Кирил и Методиj“ во Скопје. Работи како драматург во Народниот театар во Штип. Во 1993 година го основа Списанието за уметност „СУМ“. Член е на ДПМ од 1991 година.
Творештво Автор е на книгите:
Во подмишките на будилникот (поезија, 1986) Го следите ли Хорхе (поезија, 1991) Дискретниот шарм на Кус де Ру (поезија, 1993) Да не беше дождот (драма, 1993) Сулиндари (пиеса за деца, 1995) Цартаровата чичитра (раскази, 1996) Фалцот на змијата (комедија, 1996) Ректајмот на господинот Налче (поезија, 1997) Времето во театарот (есеи, 1997) Ети ја спасува Тера (проза за деца, 1997) Дневникот на Омир (проза, 1999) Ноќта во која светилката не треба да згасне (три драми, 1999) Времето на моментот (театрски есеи, 2001) Белиот слон (есеи, 2003) Емигрантот Цвик (поезија, 2003) Гард (драмска пиеса, 2003) Чалик Чамак (избор пиеси) Татко и отец (роман во раскази, 2008) АКО (поема, 2011) Другото е помалку важно (избор пиеси за деца, 2011) Форма на молкот (поезија, 2011) Ојле брада во животинска балада (2013) Единство на лицата (тетарски есеи, 2013) Двонасочна релација театар-публика (театаролошка студија, 2013) Јад (раскази, 2015) Таја (поезија, 2016) Шешири (драма, 2016) На клупата (драма, 2018) Не паркирај, гаража (роман, 2019) Увозникот на бели ноќи (роман, 2023) Пиеса за срамот (пиеса, 2025) Роман за Чарли Офтика -Туркачот (роман, 2025)
Неговите дела се преведени и на неколку јазици (англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенски), a неговите театарски пиеси се одиграни низ повеќе театри во регионот и пошироко.
Награди Добитник е на повеќе награди од областа на литаратурата:
Награда ,,Рациново признание“ за романот „Татко и отец“, во 2009 г. Награда ,,Мајстори на прозата“ за пиесите „На клупата“ и „Шешири“ Награда ,,Јован Котевски“ за збриката од поезија Формата на молкот“ Награда ,,Глигор Прличев“ за поемите ,,АКO“ и „Цветко“ Во 2004 г. Кацаров е прогласен за личност на годината во општина Штип и добива признание „Деец во културата“ Во 2009 г. општина Штип му доделува 8-мо Ноемвриско признание. Награда „Отворен круг“ - за иновации и експерименти во книжевноста, на меѓународниот фестивал „Книжевен круг“, во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” – Скопје. Награда „Ванчо Николески“ за романот „Не паркирај, гаража“
Колумнист е во неколку весници: „Нова Македонија“, „Утрински весник“ и „Штипски глас“.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Живи луѓе Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“