Пандо Колевски (, Долно Котори, Леринско) — македонски поет и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 121 -122.

Животопис Колевски е роден е во селото Долно Котори, Леринско, Егејска Македонија на 4 јуни 1937 година. Завршил Филозофски факултет на Карловиот универзитет во Прага. Работи како стручен соработник во Народната библиотека во Прага. Член на ДПМ од 1987 година. Автор е на книгите: Доаѓањето на јужниот ветар (1970), Изгубена рамнотежа (1978), Море згрчено во дожд (1984), Окови на корењата (1989), Александар Македонски (поема, 1994), Добар ден Македонијо (на чешки јазик, 1998). Добитник на наградите: „Златно перо“, „Иселеничка грамота“.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Чешки писатели Категорија:Луѓе од Долно Котори Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Живи луѓе Категорија:Деца бегалци