За други значења видете Ефтим Манев (појаснување)
Ефтим Манев (, - , ) — македонски поет и преведувач.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 148.
Животопис Ефтим Манев е роден во Кавадарци на 25 јануари 1931 година. Завршил средно образование. Потоа студирал славистика на Универзитетот во Скопје. Бил уредник во издавачката куќа „Македонска книга и на списанието Современост. Член на ДПМ од 1967 година. Автор е на стихозбирките: Моклишките ангели (1973), Ѕвездата на Витлеем (2000). Добитник на наградите: За превод - „Златно перо“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Божидар Настев“, наградата на РКПЗ за најдобар превод на годината. Во 2006 е добитник на Повелбата „30 септември“, што традиционално се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна активност во оваа област. Неговиот преведувачкиот опус е сочинет од над 80 прозни и поетски дела, од кои најмаркантно е ремек делото на руската и светска литература романот "Тивкиот Дон" од Михаил Шолохов. Починал на 16 март 2010 во Скопје.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Кавадарци Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Добитници на награди Категорија:Членови на ДПМ