Панде Манојлов (, - , ) — македонски поет, раскажувач и новинар.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 150-151 Најпознат е по песната за Палестина што ја напишал во 1982 година и ја објавил во весникот „Нова Македонија“, по повод трагичните масакри во бегалските логори Сабра и Шатила во Либан.„Во Битола изложени дела на Панде Манојлов, чија песна е неформална химна на Палестинците“, СДК, 3.11.2021 Оваа песна во август 2006 година во радиото Монте Карло, во емисијата за арапски јазик, била прогласена за најубава странска песна посветена на Палестина.„Најславната песна за Палестина е од Македонец“, МКnews, 3.6.2014.
Животопис Манојлов е роден на година во Породин, Битолско. Завршил Правен факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Битолски весник“, Битола. Бил член на ДПМ од 1989 година.
Творештво Манојлов бил автор на 29 книги меѓу кои: Црвен немир во црвено пламти (поезија, 1971) Соѕвездие на болот (поезија, 1977) Огнена земја (поезија, 1983) Блажевина (поезија, 1988) За Битола, вековите и љубовта (поезија, 1989) Обид да се влезе во нулата (раскази, 1996) Срца, булки и снегулки (поезија за деца, 1997) Македонски поетски молк (поезија, 1997) Лет во сонот над Ајфеловата кула (поезија на македонски и француски, 1998) Стап (хумористично-сатирични текстови, 2000) Талија на Битолската сцена (театарски критики, 2002) Песни за Никола и Дамјан (поезија за деца, 2003) Љубов и Чемер (поезија,2005) Тевекелиски песни (поезија, 2008) Битола, Љубов моја (поезија, 2009) Месечина со превез (поезија, 2011) Последна корида на душата (раскази, 2014) Ветровито време (поезија, 2015) Далечен сон (поезија, 2016) Јужни реки (поезија, 2019) Песни за Палестина (поезија, 2019)„Излезе книгата „Песни за Палестина“ од Манојлов“, „Нова Македонија“, 05.03.2019
Награди Добитник е на наградите: Награда „4 Ноември“ на Општина Битола „Ванчо Николески“ - Битола „Струшко слово“ од Културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“.Мујо Бучпапај, Жарко Милениќ и Панде Манојлов – добитници на наградата „Струшко слово“ Признание од државата Палестина„Битолскиот поет Панде Манојлов доби големо признание од Палестина“, Канал 5, 1.4.2017 Награда „Ацо Шопов“ за 2019 година, за збирката поезија „Јужни реки“
Наводи
Надворешни врски Песни од Манојлов Избор песни од стихозбирката „Песни за Палестина“ Wrongdoers from Kofroana, Песни од Манојлов за Палестина на англиски јазик Антологија на песни за Палестина Прилог на Ал Џезира Балкан за Манојлов
Категорија:Луѓе од Породин Категорија:Македонски поети Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „Ацо Шопов“ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Ванчо Николески“ Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Палестина