Павлина Климкар - Меанџиева (Титов Велес, - , ) — македонска писателка и професор.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 157.
Биографија Климкар е родена на година во Велес. Завршила на Педагошката гимназија „Никола Карев“ и Филолошки факултет во Скопје. Се пензионирала како средношколски професор во Велес. Таа станала член на ДПМ во 1995 година.
Творештво Автор е на книгите: "Тивнеења" (поезија, 1976), "Неразделности" (поезија, 1978), "Ораница" (поезија, 1983), "Тишина што се слуша" (поезија, 1991), "Кралица на гревот" (поезија, 1991), "Бршлен" (поезија, 1992), "Зол трн непремолк" (поезија, 1992), "Жежок ветер" (поезија, 1993), "Голтач на огнови" (поезија, 1994), "Од дневникот пред изгорување" (поезија, 1995), Кралица на гревот (второ,проширено издание 1996) Македонска вертикала (поезија, 1997), "Уста полна светлина" (поезија, 1997), "Цунами" (поезија, 1999), "Чудна случка" (сликовница, 1999), "Најазмо" (поезија, 2001), "Vasiloanjea - a marrtiiljei" (на влашки јазик, 2002), "Дијадема" (поезија, 2003), "Во меѓувреме" (поезија, 2003), "Ѕвездени патеки" (поезија, 2005), "Школки" (поезија, 2007), "Одблесоци" (поезија, 2009), "Метузалем" (поезија, 2012), "Наспроти ветрот" (поезија, 2013). Седефна кутија (поезија 2014).
Дел од нејзиното творештво е преведено на српски, албански и англиски јазик. Како автор била застапена во повеќе антологии. Неколку децении е член на градскиот литературен клуб "Кочо Рацин" од Велес. Нејзината поетска дејност започнала во училишните денови.
Била наградувана како поет, а неколкупати освоила прво место за најдобра стихозбирка од Здружението на просветните работници на Македонија (за "Метузалем" - 2012 и за "Наспроти ветрот" - 2013). Добитник била на Деветоноемвриска плакета од општина Велес, како и наградата за животно дело Гемиџии - признание од родниот град Велес.
Павлина Климкар Меанџиева на 04 септември 2017 година ја добила наградата за животно дело „Коле Неделковски“ од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес и ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“- Велес.
Починала во Велес на 3 март 2018 година.
Наводи
Надворешни врски Павлина Климкар Меанџиева, Седефна Кутија Низ времето - Павлина Климкар Меанџиева Вечер со поезијата на Павлина К. Меанџиева
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“