Саво Костовски (Леуново, Гостиварско, - Скопје, ) — македонски комунист, учесник во НОВ. Носител е на Партизанска споменица 1941.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 745 стр.
Животопис Завршил гимназија во Тетово, каде што се вклучил во прогресивното младинско движење во 1937 година. Бил член на СКОЈ од 1941 година, член на КПЈ од 1942 година, секретар на Организација на КПМ во Леуново (1943), борец на Кичевско-мавровскиот партизански одред (мај 1943), политички комесар на Мавровската НОП чета, секретар на СКОЈ во втората чета на Македонско-косовската НОУБ (ноември 1943) и политички комесар на баталјон (1944).
По Ослободувањето, тој бил во воена служба до 1956 година. Бил секретар на Општински комитет на СКМ во Гостивар.
Наводи
Категорија:Луѓе од Леуново Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941