Павлина Апостолова - Богданова (, - , ) — македонска оперска певица, сопран, првенка на Операта на Македонскиот народен театар.
Животопис Апостолова е родена на 16 мај 1927 година во Тетово. Пеење учела кај вокалните педагози: Н. Кунели, З. Шир и П. Богданов–Кочко, а се усовршувала во Италија и во Виена. Во 1950 година дебитирала на оперската сцена на МНТ со улогата на Мими во операта Боеми. Постојан член на Операта и на МНТ (1950–1983). Реализирала 40 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Меѓу нив се издвојуваат: Констанца (Грабнување од сарајот), Розина (Севилскиот бербер), Виолета Валери (Травијата), Мими (Боеми), Абигаила (Набуко), Норма, Чо-Чо-Сан (Мадам Бетерфлај). Настапувала и на концертниот подиум, посебно негувајќи го македонското музичко творештво. Како лирско-колоратурен сопран, во толкувањето на улогите, успешно го соединува вокалниот момент со разиграноста и сценскиот шарм.
Автор е на монографијата Мојот пат во оперската уметност. Гостувала во сите поголеми оперски центри на поранешна Југославија.
По кратко боледување починала во Скопје на 14 април 2018 година.Замина последната певица основоположничка на Операта
Наводи
Категорија:Македонски оперски пејачи Категорија:Луѓе од Тетово