Дивна Ристова Лакинска (Тетово, - ) — македонски андрагог.
Животопис Лакинска е родена во Тетово на 1 ноември 1941 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1966). Магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1983), каде што и докторирала (1989). Работела како средношколски професор, а од 1971 година, таа била професор на Вишата школа за социјални работници, подоцна Институт за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што била редовен професор (од 2005). Ги предавала предметите: педагогија, општа андрагогија, социјална андрагогија, геронтологија и др. Во повеќе наврати, таа била раководител на Институтот за социјална работа и социјална политика. Таа била член е на раководни тела на повеќе меѓународни здруженија и установи. Била носител и координатор е на голем број домашни и меѓународни истражувачки проекти од областа на општествената политика и заштита на различни општествено загрозени категории на лица. Автор е на 60 труда од областа на образованието и општествената работа.Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 252.
Библиографија Семејството и образованието, 1987; Државна стратегија за социјален развој на Република Македонија (Country Policy Paper of the Republic of Macedonia), 1997; Загрозеноста на ромските деца во Општината Шуто Оризари (Vulnerability of Roma children in the municipaty of Shuto Orizari), УНИЦЕФ, 2000.
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски педагози Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски педагози Категорија:Југословенски средношколски професори Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Белградскиот универзитет Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје