Градски стадион „Никола Мантов“ ― фудбалски стадион во Кочани со сместивост од околу 4.000 гледачи. На него играат екипите на Осогово и машката и женската екипа на Кочани.
Општи податоци Стадионот е сместен во јужниот дел на Кочани, има две трибини: источна со 2.750 места за седење (во употреба од 1980 година) и западна трибина со околу 1.250 места за седење. Од 1994 година, околу една третина од западната трибина е покриена. мини|220п|лево|Просториите под западната трибина. Во подтрибинскиот простор на источната трибина е сместен ресторан со сместивост од 340 места, во чиј состав работи и мотел со 22 двокреветни соби. Во склоп на западната трибина се клупски простории, соблекувални, бањи, канцеларии, сала за состаноци, прес сала, сала за стрелиште и други помошни простории. Во продолжение на главниот терен за игра, на јужната страна, се протега и помошен терен за тренинзи. Стадионот има сала за вежбање од 60 м2.
Историја Историја на стадионот мини|лево|220п|Поглед кон западната трибина, 2006 година. Стадионот бил отворен во 1952 година, односно за сезоната 1952/53. Тогаш била изградена старата западна трибина со сместивост од 800 седишта. Во 1962 година, фудбалскиот терен добил свој дренажен систем. Поради застареност на западната трибина, во 1980 година била изградена источната трибина со околу 2.750 места за седење. На крајот од 80-те години, западната трибина била срушена, а во 1994 година, била изградена сосема нова западна трибина со околу 1,250 места.
Во октомври 2016 година, започнале активностите за обновување на стадионот како соработка помеѓу Општина Кочани и ФФМ. Во март 2017 година, започнало поставувањето на новиот систем за наводнување.
Во април 2019 година, стадионот бил подновен со нови столчиња на западната трибина. Следниот месец, ФК Осогово ги подарил старите столчиња, на ФК Брегалница Голак од Делчево.
Во ноември 2022 година, стадионот ја добил својата просторија за фитнес и вежбалница. Уредувањето на просторот и опремата била обезбедена од Здружението „Никола Мантов“.
Име на стадионот мини||160п|Никола Мантов. Во 1973 година, ФК Осогово играл во тогашната Македонска републичка лига (трето ниво на натпреварување во поранешна Југославија). Таа сезона, во рамките на 34-то коло, на 1 јули 1973 година, Осоговци биле домаќини на средбата со ФК ФАС 11 Октомври од Скопје. Во 10-та минута од првото полувреме, при резултат 1:0 за домаќините, како последица од срцев удар, на теренот како покосен паднал 23-годишниот фудбалер на Осогово, Никола Мантов - Мендиз. Младиот играч, студент на втора година на Машинскиот факултет во Битола, веднаш бил префрлен во болницата во Кочани, но лекарите можеле само да ја заклучат смртта. Главниот судија Ратко Ѓорѓиоски од Прилеп веднаш го прекинал натпреварот, а присутните 2.000 гледачи по соопштувањето на жалната вест, со насолзени очи го напуштиле стадионот.
Во својата кратка фудбалска кариера Мантов одиграл 59 првенствени и уште толку куп натпревари, играјќи на позициите лев бек и лево крило. Постигнал повеќе голови, а за целиот период на активно играње фудбал добил само еден жолт картон.„80 години фудбал во Кочани“, м-р Методиј Хаџипаунов, 2005 година
Во знак на сеќавање на овој играч, стадионот го добил неговото име и тоа бил единствениот стадион во Македонија кој воопшто носи име на еден фудбалер, сè до промената на името Градскиот стадион Велес во Стадион Зоран Паунов во јуни 2019 година.
Службеното давање на името на стадионот било направено на седница на Советот на Општина Кочани.Градскиот стадион се именува во „Никола Мантов“, портал Комарец, одржана на 30 април 2014 година, на која советниците од сите политички партии гласаа едногласно за предлогот.
Поважни натпревари Меѓународни натпревари ДатумНатпреварувањеДомаќинГостинРезултатГледачиКвалификации за европско првенство 2016 под 21 годинаМакедонијаДанска5–36,000
Домашни натпревари ДатумНатпреварувањеДомаќин1Гостин1РезултатГледачиЖенски куп на Македонија 2018/2019 - финалеДрагон 2014Тиверија3–1 1 Номинален домаќин и гостин Галерија
Наводи
Надворешни врски Стадионот „Никола Мантов“ на Worldfootball.net
Категорија:Фудбалски стадиони во Македонија Категорија:Спортски зданија во Кочани Категорија:ФК Осогово (Кочани) Категорија:Згради и градби од 20 век