Томо Софрониевски (Тетово, - Скопје, ) — македонски првоборец и политичар.

Животопис Софрониевски е роден во Тетово на 18 април 1920 година во сиромашно и работничко семејство. Како припадник на работничкото движење во 1938, бил и член на КПЈ (1940). Тој бил еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941). Ја извршувал и функцијата секретар на МК на КПЈ и бил член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и член на ОК на КПЈ (од 1942 до 1943) и на Првиот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на НО баталјон „Орце Николов“ во 1943 година и командант на Военото подрачје за Кичево и Тетово (1944). По Ослободувањето извршувал разни општествени функции. Бил претседател на СЗБ од НОВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941ДАРМ - Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“. Починал во Скопје во на 18 ноември 2007 година.

Наводи

Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Македонски партизани Категорија:Политичари од Тетово Категорија:Починати во Скопје