Абдурахман Алити (албански: Abdurahman Aliti, Желино, - , ) — македонски политичар, пратеник, правник и амбасадор на Македонија во Република Бугарија.

Животопис Алити е роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Се вработил во Градскиот совет и подолго време останал на работа во Собранието на Општината во Тетово (1969 - 1988). Како претседател на Комитетот за здравство и социјална политика, поради залагање за поголеми политички права на Албанците во СРМ, бил отпуштен од работа. Бил водач на ПДП во времето кога беше водечка партија на Албанците во Македонија. На првите демократски парламентарни избори беше избран за член на Парламентот во 1991 година. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), заедно со Тито Петковски од СДСМ и Киро Поповски од СП, бил избран за заменик-претседател во Парламентот. По долго и тешко боледување, починал во Тетово на 27 јуни 2013 година.

Наводи

Категорија:Македонски политичари Категорија:Македонски Албанци Категорија:Амбасадори на Македонија во Бугарија Категорија:Пратенички состав 1991-1994 Категорија:Пратенички состав 1994-1998 Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Луѓе од Желино Категорија:Политичари од ПДП Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје