Милко Ѓуровски (Тетово, ) — поранешен македонски фудбалер.

Животопис Ѓуровски е роден на 26 јануари 1963 година во Тетово. Неговото семејство е од тетовското село Жилче, каде Ѓуровски израснал. Бил фудбалер на ФК Црвена Звезда и Партизан од Белград. Играл за младинската и сениорската репрезентација на Југославија. Во составот на Олимписката репрезентација на Југославија, на Олимписките игри во Лос Анџелес (САД, 1984) освоил бронзен медал. По осамостојувањето од 1991 година настапил неколкупати и за Фудбалската репрезентација на Македонија. Моментално е тренер на скопски Вардар.

Наводи

Категорија:Жилче Категорија:Фудбалери од Тетово Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалски тренери од Тетово Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Гронинген Категорија:Тренери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Тренери на ФК Беласица (Струмица) Категорија:Фудбалери на ФК Нимс Олимпик Категорија:Фудбалери на ФК Чукарички Станком