Бранко Попов ( во ) — македонски научник и редовен професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.„Билтен УКИМ“, од 21. В 1986 г.
Биогрфаија Попов е роден во тетовското село Вратница во 1940 година. Дипломирал на Технолошкиот оддел на Техничкиот факултет во Скопје во 1964 година. Магистрирал на Универзитетот во Урбана, Илиноис, САД, а докторирал на Универзитетот во Загреб во 1973 година. На Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје е од 1965, а како редовен професор е од 1982 година. Бил декан на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Кариерата ја продолжува во САД, како истражувач и професор, најдолго на Универзитетот во Колумбија, Јужна Каролина (од 1991). Негови подрчја се физичка хемија, електрохемија во водени средини и растопи, превлеки и хемиски извори на струја40години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 111..
Библиографија Автор е на книги, научни трудови и на многубројни научноистражувачки и апликативни проекти.
Наводи
Категорија:Луѓе од Вратница Категорија:Македонски научници Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски научници Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на Загрепскиот универзитет