Грав или боб — едногодишно растение од семејството на бобовите (Fabaceae) со големо видово разнообразие, од кои околу 15 се култивирани. Најраспространет е обичниот грав (), кој се дели на два подвида: висок (веткач) и низок (легач).

Според формата на семето, постојат пет вида: sphericus, elipticus, oblongus, compresus, subcompresus.

Потекнува од Јужна Америка. Во светот се одгледува на околу 230.000.000 хектари. Во Македонија е застапен на 4.500 - 5.000 хектари во чист посев и на 8.000 - 9.000 хектари во здружен посев. Топлољубиво растение, оптималната температура за одгледување е 20 – 22 степени целзиусови. Се одгледува главно заради зрелото зрно (семето), кое има висока хранлива вредност: белковини (26%); масти (2%); јаглехидрати (52%); минерални материи (2,5%); витамини (B1, B2, С, Е, К, PP) и аминокиселини.

Употреба Гравот, со просечна потрошувачка од 21,6 кг по домаќинство, е 7. зеленчук според употребата во Македонија во 2017 годинаПОТРОШУВАЧКА НА ДОМАЌИНСТВАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, 2017.

Други употреби Листовите од грав биле користени за фаќање стеници во домовите. Микроскопските влакна (трихоми) на листовите од грав ги фаќаат инсектите.

Од античко време, гравот бил користен како уред во различни методи на претскажување. Претскажувањето со помош на грав се нарекува фавоманција.

Откриено е дека Phaseolus vulgaris биолошки акумулира цинк, манган и железо и има одредена толеранција на нивните соодветни токсичности, што укажува на соодветност за природна биолошка санација на почвите загадени со тешки метали.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

A Bean Collector Window, обемна галерија на сорти на грав

Категорија:Мешункасти култури Категорија:Phaseolus Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Земјоделски култури со потекло од Америка