Кирил Стефанов Манасиев - Вечерин — македонски револуционерен и културно-национален деецМакедонска енциклопедија, Том II, МАНУ, Скопје, 2009, 908 стр..
Животопис
Роден е 1909 година во Гевгелија. На 15-годишна возраст, како ученик во прогимназијалните класови ги запишал своите први стихови. По Првата светска војна, Манасиеви се преселиле во Горна Џумаја. Таму Кирил работел како секретар на Гевгелиското братство и претседател на друштвото „Роден крај“. Во читалиштето, во соработка со Ангел Динев, Митко 3афировски и други истакати македонски национални дејци, се организирале културно-уметнички настани со македонска национална тематика. Манасиев е автор на бројни општествено-родољубиви и сатирични стихотворби, раскази, хуморески и драмски текстови под псевдонимите „Виолетко“, „Вио“. „Лоранс“, „Неранзин“ и „Вечерин“.Ангелъ Диневъ: „Кирилъ Манасиевъ (Вечеринъ)“, „Mакедoнски вести “, II, 54, Софија 29. IV 1936, 2 Објавувал свои песни во весниците „Македонски вести“, „Македонска земја“, „Весело пладне“, „Солзи и смех“ и тоа најчесто под псевдонимот „Вечерин“. Стихозбирката „Сончогледи“ ја објавил во 1924 година. Починал во 1936 година.
Кирил е внук од брат на Аргир Манасиев.
Наводи
Категорија:Луѓе од Гевгелија Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Македонски општественици