Киевска Област (; исто така се нарекува Киевшчина - украински: Київщина) ― област во централниот дел на Украина. Административен центар на областа е градот Киев.

Географија Киевската Област има вкупна површина од 28.100 км2Статистичний збірник «Регіони України» 2016. Частина І / За редакцією І. М. Жук. Відповідальний за випуск М. Б. Тімоніна. — К.: Державна служба статистики України, 2016. (укр.) (околу 35 пати поголема од областа на град Киев) и е сместена во централна-северна Украина. На запад се граничи со Житомирската Област, на југозапад со Виничката Област, на југ со Черкаската Област, на југоисток со Полтавската Област, на исток и североисток со Черниговската, и на север со Гомељската Област (Белорусија).

Областа е подеднакво поделена помеѓу двата брега на реката Днепар на исток и запад од Киев. Други значајни реки во областа се: Припјат, Десна, Рос' и Тетерив.

Административен центар на областа е Киев (украински: Київ, Киев), исто така, е главен град на Украина. И покрај тоа што се наоѓа во центарот на Киевската Област, Киев сам по себе е со специјален статус и не е под надлежност на областа.

Наводи

Надворешни врски Официјална страна на Киевската Област / patent.net.ua - симболи на областа Комерцијална страна со слики и карти / catalogue.biz.ua поштеснки кодови // Баришивка

Категорија:Области во Украина

Категорија:Држави и територии настанати во 1932 година