Нови Град (, Вегора; до 1926 г. Νεογράδ, НеоградΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νέογραδ -- Βέγορα) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 463 жители (2011).
Географија Селото е сместено 6 км северно од Чалџиево и 4 км југоисточно од градот Суровичево во котлината Сариѓол. Селото било на југозападниот брег на Островското Езеро, но денес езерото е повлечено на север.
Историја Во Отоманското Царство Во минатото селото било населено исклучиво со Македонци, кои насила биле истиснати од Турци, па Нови Град станало турска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новиград (Novigrad) било село Џумалиската каза со 20 домаќинства и 38 жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 82-83.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Нови Град:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Нови Град (Нови Градъ) имал 500 жители Турци и 70 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр.251. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни Нови Град се состоел од 200 турски куќи.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новиград се води како чисто турско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 160 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 773 жители, кои во 1920 г. станале 800. Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти од Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Вегора. Во 1928 г. Нови Град било чисто дојденско село со 308 жители од 89 семејства.
Во 1940 г. селото имало 531 жител и продолжило да расте сè до 1960-тите, кога почнало да се намалува поради иселувања во градовите.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто дојденско, во кое „понтскиот грчки“ е зачуван на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Земјиштен спор со Пателе На крајот од 1980-тите жителите на Нови Град се впуштиле во земјиштен спор со жителите на соседното македонско село Пателе. Двете страни полагале сопственост врз 310 хектари новопојавено земјиште кое се ослободило со повлекувањето на Островското Езеро. Грчките жители на Нови Град веќе го сееле и орале земјиштето, додека пак оние на Пателе останале без разрешница. Кога во 1992 г. жителите на Пателе се обратиле кон управникот на Леринскиот Округ, Пападопулос, за образложение зошто не им се дава земјата која им припаѓа, Пападопулос им одговорил:
Население
Стопанство Главни производи на Нови Град се тутунот, грозјето и житото, а делумно е застапено и сточарството.
Личности Јанаки Панајотов — борец во МОО од VIII Костурска дружина„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр.532.
Поврзано Сариѓол
Наводи
Категорија:Суровичево