Оровник (, Кариес; до 1920 г. Όροβνικ, ОровникΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Όροβνικ - Καρυαί) — село во Преспанско, Егејска Македонија, денес во општината Преспа на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 48 жители (2021). Сè до Грчката граѓанска војна било населено исклучиво со Македонци.

По спојувањето со селото Буковик, Оровник се простира на површина од . Тоа се наоѓа на 940 м надморска височина и се граничи со селата Желево, Рудари, П’пли и Л’к.

Потекло на поимот

Околината на селото Оровник изобилува со ореови дрвја. Според исказите на селаните селото по тоа и го добило своето име. Како и неговите селани, така и селаните од околните села го нарекуваат ова Оровник.

Во 1926, со одлука на грчката влада селото е преименувано во Кариес. Орев на грчки се нарекува каридја.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 17

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на далечина од околу 3 км од источниот брег на Малото Преспанско Езеро, на надморска височина од 940 м. Географски координати на селото се 40°46' СГШ и 21°09' ИГД. Сместено е помеѓу два рида, на исток се наоѓа ридот Горица, а на запад Голиот Рид. На исток, Оровник, се граничи со селото Желево, почнувајќи од месноста Селца, преку планината Дупка, Кофилјот, до врвот на планината Калуѓерица. На север граничи со селото Рудари и селото П’пли, а северозападно граничи со Малото Преспанско Езеро. Границата со селото Буковик ја оформува месноста Селца преку т.н. Воденички Рид до месноста Мартинца која се наоѓа на средината на полето помеѓу трите села - Оровник, Буковик и Л’к. Со селото Л’к се граничи од месноста Мартинца преку оровничките ливади до самото езеро, во месноста Калдрма.

Во поблиската околина на селото Оровник се наоѓаат следниве населени места: селото Буковик на 3 км, Л’к на 4 км, П’пли на 5 км, Оштима и Желево на околу 15 км. Градот Лерин се наоѓа на околу 50 км оддалеченост од Оровник.

По спојувањето на Оровник со Буковик, селото зафаќа површина од 13 км2 плодно земјиште, исто толку и планинска површина и 2 км2 езерска површина.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 12-16

Топонимија Ова е список на позначајните топоними во Оровник и околината:

Историја

Турско владеење

Со доаѓањето на Турците во XIII век во Оровник, земјиштето на селаните им било одземено и дадено на дојдените турски бегови. Поради репресиите кон македонскиот народ низ Егејска Македонија, започнале да се појавуваат македонски комити кои воделе борба со османслиите. Во Преспа, како војвода на комитите, бил поставен Геле Андреев од село Рудари. Како и во останатите села, така и во Оровник многу мажи се бореле во Илинденското востание. Сепак, поради неуспехот, по востанието, во Оровник биле убиени следниве селани: Божин Божинов, Стево Доламангов и Трпо Ќеримов со неговата жена и ќерка.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 74

Помеѓу двете светски војни

Во периодот помеѓу двете светски војни, селото Оровник се наоѓало под грчка административна управа. Грците веднаш отвориле грчки училишта во кои децата, задолжително, морале да се образоваат на грчки јазик, новороденчињата во матичната евиденција биле заведувани со грчки имиња и презимиња, а на веќе родените им биле присилно променувани. Така на пример, секој што се викал Трајко му било променувано името во Евстратиос или Стратис, Стојан во Јанис, Васил во Василис, Петко во Петрос итн.

Со доаѓањето на власт на диктаторот Метаксас, во 1936, на Македонците со закон им било забрането да комуницираат меѓусебно на својот мајчин јазик. Постарите луѓе посетувале вечерни училишта за да го научат грчкиот јазик, а доколку некој бил фатен како зборува на македонски бил парично казнуван или престојувал одреден период во затвор.

Во овој период, поради сè посиромашниот живот, на печалба во Австралија отишле 6 жители на Оровник, во Америка отишле 13 селани и во Франција 6 селани.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 75-78

Втора светска војна

При мобилизацијата, на страна на грчката армија се приклучиле 18 Оровчани кои биле испратени на првата борбена линија, односно на самата албанска граница. По окупацијата на Грција од страна на Германија, прв во селото, на 10 април 1941, се вратил Јосиф Божинов, а по него и останатите мобилизирани селани.

На 13 април, 1941, шест англики авиони го нападнале градот Лерин. Истите тие биле пресретнати од три германски авиони-ловци, кои потполно ги собориле англиските авиони. Неколку од нив се урнале во соседните села, а два од нив се урнале во Оровник и еден од пилотите успеал да се спушти со падобран и да остане жив. Откако бил фатен од селаните бил однесен на местото кое тој им го посочил. Загинатите пилоти, на иницијатива на Петко Божинов и Васил Казиовски, биле донесени во селото и закопани на селските гробишта при црквата „Св. Спас“. Во знак на благодарност кон оровчани, англиската влада ја реновирала црквата и нејзиниот двор.

Во времето кога ЕЛАС ги водела борбите против окупаторите, раководството на КПГ дозволило да се формираат посебни македонски организации и борбени единици во рамките на ЕЛАС. Во 1944, баталјонот на Гоце Димовски војувал со германците кои се повлекувале од Лерин. КПГ, на команда на ЕЛАС, му наредила на баталјонот да се повлече во внатрешноста на Грција и таму да се бори, но по одбивањето на наредбата истиот бил нападнат од единици на ЕЛАС. На 13 октомври, 1944, со дозвола на КПМ баталјонот се преселил во Македонија и тмау ги продолжил борбите. Во овој баталјон учествувале 18 оровничани.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 79-88

Граѓанска војна во Грција

На 10 јули, 1946, во село П’пли биле собрани голем број преспанци, а меѓу нив се нашле и 9 оровчани. Тие биле измачувани во затворот во П’пли со обвинение дека ги помагале партизаните. По 10 дена, двајца од нив биле префрлени во затвор, а останатите биле пуштени. Во август, 1947, била извршена мобилизација во редовите на ДАГ во која биле земени голем број оровчани, а младите кои останале во селото, со оружје го чувале во ноќните часови. Следната година, на 20 март, биле мобилизирани и младите жители родени во 1931 година. Со бомбардирањата на националната армија, во Оровник биле уништени 3 куќи на селани и малата црква „Св. Никола“ во месноста Букшани.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 99

Во Оровник се наоѓале главната телефонска централа и складиштата за храна на ДАГ.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 98 За време на војната загинале 13 оровчани на бојните полиња, а 28 биле ранети.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 105-106

Занимања на селаните

Оровчанци главно се занимавала со земјоделство, сточарство, рибарство, лозарство, градинарство, овчарство и шумарство.

Оровничкото поле имало разновидни врсти на земја, па така, насекаде имало различни ниви: песокливи, ниви со црна земја, мешовити, со песок и камен, црвеници со камења и други. Земјата се обработувала со волови и коњи, а како предмети за нејзина обработка се користеле: дрвено рало, железен плуг, лопата, срп, мотика, дрвени чекани за кршење на грутките, речини за сеење, дрвени лопати за веење на житото и дрвени вили. Дрвеното рало се употребувало во ридско-планинските региони и кај црвеното земјиште, додека плугот се употребувал за рамните и црно песокливите земји.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 24-25

Сточарство и овчарство

Равојот на сточарството и овчарството, пред сè, го диктирале условите на селскиот атар. Повеќето семејства чувале волови, крави, свињи, коњи и магариња. Со овци и кози не се занимавале голем број на жители бидејќи немале соодветни услови за нивно одгледување. Селаните најмувале други луѓе за да им ја пасат живината. Истите ги плаќале со жито и други земјоделски производи во зависност од тоа колку ќе се договореле.

За исхрана и одгледување на добитокот се користеле селските пасишта во полињата и планините. За таа цел се користело и сено (собрано од ливадите), слама, езерска трска и плодовите од шумата.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 26-28

Шумарство

Разновидните дрвја селаните ги користеле за многу намени, односно: од буковото дрво се правеле покривите на куќата, вратите и прозорците, чамци и трски за ловење риби; од тополите рачно се изработувале штици кои служеле за подовите, за вратите и прозорците, амбарите и слично; од ореовата обвивка се бојадисувале алиштата и, истата, се костела за огрев.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 27-28

Градинарство

Во Оровник со градинарство се занимавале речиси сите семејста и имале по една или две градини од кои произведувале различни градинарски култури за домашни потреби. Причината поради која селаните произведувале само за свои потреби е таа што пазарите каде што се пласирале производите биле оддалечени на 50 км од Оровник. За своите потреби селаните произведувале: зелка, пиперки, домати, праз, лук, морков и други додатоци во исхраната.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 29

Лозарство

Во Оровник се произведувало висококвалитетно грозје благодарение на соодветната почва. Најпрочуените месности за одгледување на грозје биле Жабјак и Синор. Во тие предели имало црвеникава земја и теренот бил добро опфатен од сончеви зраци. Во селото се произведувале повеќе сорти на грозје како црно грозје, лисичина, белушина, дренојца и други. Еден дел од селаните произведувал само за домашни потреби, а останатите произведувале поголеми количини за да можат и да продаваат. Грозјето го купувале, главно, трговци од селото Писодер, а во замена за него носеле други прехранбени производи кои ги немало во Оровник, тоа било шеќер, масло, сол и друго.

Рибарство

Голем дел од населението се занимавало и со рибарство. Тие се здружувале во групи од по две семејства бидејќи така им било полесно да ги плетат езерските огради, а и за еднoто да може да оди да работи на нивите, а другото да оди на риболов. Плетените коци се набивале на дното од езерото со дрвен чекан и се правеле замки за рибите да се уловат. Рибите ги ловеле и со мрежи, ости, црпала и други направи.

Оровничкиот дел од езерото е многу богат со риби и бројни езерски птици, па многу од селаните, ловеле повеќе за да можат и да продаваат. Вишокот уловени риби го носеле во селото Л’к и го продавале на трговецот Буш од село Псодери.С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 30-31

Демографија

Според поновите грчки статистички податоци, состојбата со бројот на жители во селото е следнава:С. Поповски - Оровник, Мала Преспа. „Кома“, Скопје, 2005. стр. 14

ГодинаНаселение 1913 222 1920 244 1928 226 1940 162 1961 160 1971 78 1981 88 1991 74 2001 71

Родови До 1949 година во селото биле следните македонски родови:

Божиновци, Даламанговци, Ќеримовци, Казиовци и Казиовци (2), Љакимовци, Мишевци, Ничевци, Ноачевци, Настовци, Никовци, Поповци, Петковци, Ристовци, Штерјовци, Савевци, Спасовци, Ставревци, Тимовци и Фотевци.

Религија