Свети Тодор или Черкезќој (, Лимнохори; до 1926 г. Τσερκέζκιοϊ, ЦеркезќојΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τσερκέζκιοϊ -- Λιμνοχώρι) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 257 жители (2011). Сè до 1881 г. било населено исклучиво со Македонци, а подоцна станало черкеско.

Географија Селото е сместено во северниот дел на котлината Сариѓол, на источниот брег на езерото Зазерци. Се наоѓа 52 км јужно од Лерин и 6 км јужно од Ајтос

Историја Селото меѓу најстарите во целата област. Со археолошките ископувања на брегот и во езерото се пронајдени остатоци од населби од неолитот и од римско време.

Во Отоманското Царство Во османлискиот дефтер на христијанското население од Леринскиот вилает за 1626-27 г. селото се среќава како Исвети Тодори со 33 даночни домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 333.

Во XIX век Свети Тодор било чисто македонско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свети Тодор (Sveti-Todor) било село со 60 домаќинства од 185 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.84-85. Во 1881 г. состојбата се сменила, кога турските власти го истиснале македонското население и тука населиле Черкези пребегани од Крим. Жителите се преселиле во Ајтос и некои други соседни македонски села. Така, местото станло познато како Черкезќој (или Черкез Ќој), што значи „черкеско село“. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Свети Тодор имал 300 Черкези и 100 Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 251. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во годините пред Балканските војни селото се состоело од 30 муслимански куќи.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Свети Тодор се води како чисто черкеско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 70 куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година селото се намалило 156 жители, а во 1920 г. во него живееле 122 лица. Во 1920-тите населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Понд. Во 1928 г. селото било чисто дојденско со 126 жители од 37 семејства. Во 1926 г. е преименувано воЛимнохори, што значи „езерско село“.

Население

Стопанство Селото произведува детелина, жито и сточарски преработки.

Поврзано Сариѓол

Наводи

Категорија:Суровичево