Просечен или Пресечен (, Просоцани; од 1920 до 1925 г. Πυρσόπολη, ПирсополиΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Προσωτσάνη -- ΠυρσόπολιςΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Πυρσόπολις -- Πρωσοτσάνη) — гратче во Драмско, Егејска Македонија, денес седиште на истоимената Општина Просечен на Драмскиот Округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 3.169 жители (2021).
Географија Гратчето е сместено во Драмското Поле, 16 км западно од Драма. Името се должи на Ружденскиот Превој меѓу планините Драмски Боздаг и Сминица (Серски Боздаг), во чие подножје се наоѓа Просечен.Шопов, А. Из живота и положението на българите във вилаетите, Пловдив, Търговска печатница, 1893, стр. 79. Ист ваков пример е средновековниот утврден град Просек, кој е на тесен премин во Демиркаписката Клисура и означува пресечено место или теснина.
Историја Средновековие Покрај селото стои зачувана средновековна црква од XIII век „Св. Пантелејмон“, која била матична на некогашен манастир. Вон селото се наоѓа ранохристијанската Просеченска базилика од V-VI век.
Во Отоманското Царство Според османлиски дефтер од 1478 г. во Просечен имало 110 домаќинства, од кои 91 христијански и 19 муслимански.
Во XIX век во Просечен агресивно работеле странските пропаганди — како грчката, така и бугарската. Во 1879 г. митрополитот Герман III Драмски тргнал во поход против македонштината (наводно против „бугарштината“) во Просечен, Плевна, Волак и другите драмски села и успеал да ги натера властите да го уапсат народниот учител Георги Иванов.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877 – 1878. Том първи, книга първа, стр. 355. Од 1880 до 1884 г. бугарски учител во селото бил пиринецот Георги Грнев, кој се стекнал со голема почит меѓу населението.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов рекол за Просечен:
мини|Женска и машка носија од Просечен. Драмскиот етнографски музеј. Во 1899 г. под раководството на мудирот на Просеченската нахија Тахсин-бег и со доброволни прилози од мештаните е изградена голема зграда на уќуматот (управата).Узер, Тахсин. Тахсин беj ја објаснува Македонија, Скопје 2013, с. 69 – 70.
Според Васил К’нчов, на крајот на XIX век Просочен имал 25 турски, 30 влашки и 270 македонски куќи, од кои 50 биле под Цариградската патријаршија.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 28. Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Просѣченъ (Просоченъ) имал 1.600 жители Македонци христијани, 800 Турци, 480 Власи и 50 Роми.
Македонците живееле во Горното Маало и расеани по другите маала, богатите прогрчки Македонци биле во Варошот, а Турците — во Турското Маало.Иванов, Йордан. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 14. Поради јачината на двете пропаганди, населението на селото кон крајот на XIX и почетокот на XX век било поделено меѓу две цркви. Според Шопов:
Според К’нчов:
Во 1900 г. бугарскиот трговски агент во Сер му напишал на бугарскиот премиер Тодор Иванчов:
Кон 1904 г. 150 куќи од селото се на Македонци под Бугарската егзархија, а 150 на Македонци под Цариградската патријаршија. Овие две заедници биле во судски спор за користењето на црквата.История на българите в документи, Съставители Величко Георгиев и Стайко Трифонов, т. I, ч. II, София 1996, с. 181. Во Просечен се наоѓал и Драмскиот околиски комитет на Серскиот револуционерен округ на Македонската револуционерна организација.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Просечен (Prossetchen) се состоело од 1.296 Македонци под егзархијата и 568 Македонци под патријаршијата, 20 Грци, 378 Власи и 12 Албанци. Во селото работеле училишта на двете странски пропаганди — едно прогимназијално и едно основно бугарско училиште со 5 учители и 90 ученици, како и едно прогимназијално и едно основно грчко училиште со 4 учители и 100 ученици.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 204 – 205.
По Младотурската револуција во 1909 г. половината од Македонците биле приврзаници на бугарската, а половината на грчката црква, која пак целосно ја имало запоседнато едната расположлива црковна зграда.Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 528.
Во овој период тричлена делегација (мештанинот Георги Демиров, грчкиот учител Банков и еден турски бег) му го предале гратчето на војводата Тодор Паница, кој во текот на следните денови го одбранил од турските единициГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр.119.
Во Грција мини|250п|Свадбена и празнична носија од Просечен По Балканските војни во 1913 г. гратчето е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според грчката статистика, во 1913 г. во Просечен (Προσωτσάνη, Просоцани) живееле 4.120 лица.
Во 1918 г. во селото имало 2.020 Македонци и 480 Власи, а според податоци на Јордан Н. Иванов населението на селото изнесувало околу 4.000 лица, од кои 3.200 Македонци (900 од нив прогрчки), а останалите биле Турци и малку Роми. Вкупно 16 Македонци се иселиле во Бугарија, во 1913 и 1918 г. и се населиле во Неврокоп (Г. Делчев) и околината, Пловдив, Станимака (Асеновград), Пазарџик и на други места. Во гратчето останале дополнително се доселиле разни македонски семејства од околните села. Во 1920 г. Просечен имал 4.077 жители. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а на негово место се доселени грчки колонисти. Во 1928 г. Просечен било етнички мешано село со 2.588 дојденци (645 семејства). од вкупно 6.035 жители, колку што имал таа година, што значи дека Македонците станале половина од населението.
Во 1930 г. е создадена еноријата „Св. Троица“ со цел да се задоволат духовните потреби на дојденците, кои се населиле во источниот и јужниот дел на гратчето, далеку од постоечката црква „Воведение на пресв. Богородица“. Во прво време како црква се користела една напуштена џамија. Во 1974 г. таа била урната и за две години е подигната сегашната црква, компромисно посветена на Светата Троица, која трите групи грчки доселеници (понтските, малоазиските и тракиските) ја прифаќаат за своја слава.
Население
Стопанство Жителите на Просечен се занимаваат претежно со малопродажба, услуги и земјоделство.
Литература Βουλτσιάδης, Γεώργιος Κ., "Η Προσωτσάνη μέσα από την ιστορία", Θεσσαλονίκη 1995.
Поврзано Драмско Поле Драмски Боздаг Сминица
Наводи
Надворешни врски
Портал на Општина Просечен Просечен на Википатување на грчки
Категорија:Градови во Егејска Македонија Категорија:Просечен