Врежот или Вреж (, Агиос Лукас; до 1926 г. Βρες, ВресΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βρες -- Άγιος Λουκάς) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 723 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес има македонско малцинство и грчко дојденско мнозинство.
Географија Селото се наоѓа во источниот дел на Солунското Поле, 10 км северозападно од Пласничево и 10 км јужно од Воден.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Врежот бил село во Ениџевардарска Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Врежот живееле 160 Македонци и 210 Роми.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 146. Сите жители на селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Врежот (Vrejot) имало 200 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр. 102-103.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Врежут имало 25 македонски и 30 ѓупски куќи.
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 330 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 268. Во 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција, а на нивно место не биле доведени колонисти поради маларичноста на местото, сместено на брегот блатното Ениџевардарско Езеро. Во 1926 г. името на селото е сменето во Агиос Лукас, во превод Свети Лука. Затоа, во 1928 г. во Врежот се попишани 158 жители, сите Македонци. Во следниот период, по исцедувањето на езерото и мелиорацијата на почвата, во селото се населени голем број грчки колонисти, на кои им е доделена ослободената земја.
Во 1940 г. Врежот имал 613 жители кои во 1951 г. се накачиле на 1.133 поради поволните стопански услови. Населението достигнало 1.555 жители во 2001 г. за да се намали на 1.013 на пописот од 2011 г.
Цркви „Св. Лука“ — изградена во 1790 г. „Св. Петар и Павле“ — обновена манастирска црква источно од селото
Население
Стопанство Селото има плодна почва која целосно се наводнува. Главни проиводи се овошјето (со големи насади на праски и јаболка, памукот, житото, а се одгледуваат и расни крави.
Личности Христо Георгиев — борец во Балканските војни„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 172.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол