За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница
Дамјан (, Дамјано; 1926 г. Δάμιανη, ДамјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δάμιανη -- Δαμιανόν), на турски Сулукли или Сулуклу — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 301 жител (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото е сместено во северозападниот крај на Солунското Поле (Пазарско Поле), 5 км североисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Гуменџе.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Дамјан било мало, чисто македонско село во Ениџевардарска Каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Дамија како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91.
Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Дамјан:
На почетокот на 1870-тите жителите на Дамјан биле меѓу ретките села во Ениџевардарско кои биле под врховенството на Бугарската егзархија. Во овој период се обратиле кај нејзината управа да издејствува ферман за изградба на црква во селото.
Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Дамјан (Δαμνιανή) било село со 8 христијански семејства.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 90 жители, сите Македонци христијани.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Дамјан (Damian) имало 112 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103. Во селото работела и бугарската пропаганда.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Дамјан било македонско со 15 куќи.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Δαμιανή) имало 130 егзархисти.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 12 македонски куќи.
Во Грција Во 1912 г. Дамјан е заведен како село со христијанска и муслиманска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 115 жители (60 мажи и 55 жени), кои во 1920 г. биле 114. Во 1924 г. грчките власти го протерале сето население во Бугарија (115 лица), а малкуте тогаш присутни муслимани се иселени во Турција. На нивно место се доселени грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Во 1926 г. е преименувано во Дамјано. Во 1928 година селото е претставено како чисто дојденско, со 373 жители од 100 семејства.
Во 1940 г. селото веќе нараснало на 642 жители. Оттогаш населението постепено почнало да опаѓа, и ова трае до денес.
Население
Стопанство Селото е полупланинско и релативно пасивно. Се одгледува пченица, тутун и грозје, а делумно е застапено и сточарството.
Личности Ѓорѓи Иванов Пешев – Гончо (1885 – 1973) — четник на Христо Зинов и Иван Јанев-Брло; починал во Свети Влас, НесебарскоБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 451 Ѓорѓи Костадинов Гинев (Гошо Дамјански) — раководител на месниот комитет на ВМРОБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр. 298 Димитар Ајгаров (1866 – 1947) — револуционер на ВМРО
Поврзано Пазар (град)
Наводи
Надворешни врски Дијалектни текстови од Дамјан
Категорија:Постол