Градиште (, Кирос, до 1926 г. Παλαιόκαστρο, ПалеокастроΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Παλαιόκαστρο -- Κύρρος) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, в подножјето на планината Пајак, 11 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја Градиште е изградено на местото на древномакедонскиот град Кир.
На почетокот на XX век Градиште е заведено како мало селце во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Градиште (Паликастра) броело 106 жители Македонци.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Градиште било македонско со 10 куќи.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 75 жители, а во 1920 г. веќе имало двојно повеќе луѓе — дури 139 лица. Во 1920-тите властите довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Кирос (грцизиран облик на Кир), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. селото имало 125 жители, од кои 70 биле грчки дојденци, а останатите Македонци.
Околу 1930 г. сите жители го напуштиле селото. Од Македонците, девет семејства се преселиле во В’дришта и едно во Сарбегово, а дојденските се прибрале во соседното Обор.
Поврзано Кир (стар град) Солунско Поле
Наводи
Категорија:Историски села во Постол