Крушари или Крушаре (, Абелиес; до 1926 г. Κρουσάρι, КрусариΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κρουσάρι -- Αμπελιές), на турски: Армутчи — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.003 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На крајот на XIX век Крушари е забележано како чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Крушари (Армутчи) броело 320 жители, сите Македонци.

Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Кошари) потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 125. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Горно Крушари (Армут) (Gorno Krouchari Armout) имало 512 Македонци, сите под егзархијата.D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Крушаре било македонско со 30 куќи.

Во селото наскоро проработела и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште. Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев нашишал во 1909 г.:

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Уапсени и претепани се 7 селани и учителот Атанас Попчев бидејќи биле поранешни членови на ВМРО.Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во овој период селото се состоело од 45 македонски куќи.

Во Грција мини|десно|250п|Улица во Крушари По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 430 жители, кои во 1920 г. биле 422. Властите ги затвориле бугарската црква и училиште.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 184 Во селото немало грчки дојденци, но властите во 1924 г. принудно иселиле 29 жители во Бугарија. Во 1926 г. е преименувано во Амбелие. И покрај иселувањата, на пописот од 1928 г. селото се зголемило на 469 жители, а потоа доживеало огромен раст, така што во 1940 г. Крушари имало 701 жител.

Населението на Крушари било предмет на жестоко прогондство од монархистичката власт за време на Граѓанската војна поради истакнатата национална свест и народноослободителната дејност. Селото дало повеќе жртви, а некои семејства и поединци морале да пребегаат во Р Македонија.

И покрај сите непогоди, во 1951 г. селото имало 758 жители и продолжило да расте. Во 1991 г. броело 1.162 жители, а по две десетлетија, на пописот од 2011 г. во него живееле 1.159 лица.

Население

Стопанство Иако е полупланинско, селото напредува поради трудољубивоста на жителите. Главни производи се житото, грозјето, памукот и др. Делумно е застапено и сточарството.

Личности Родени во Крушари Ѓорѓи Сотиров Попчев (1921 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 112, л. 14 Тодор Чифтеов, деец на ВМРО, подоцна одметнат на грчка страна

Починати во Крушари Апостол Петков, наречен „Ениџевардарското Сонце“ (1869 – 1911) — револуционер, истакнат војвода на ТМОРО Ѓорѓи Мучитанов - Касапчето (1882 – 1911) — револуционер на ВМРО Васил Пуфката (? – 1911) — револуционер на ВМРО Тодор Дојчинов (1921 – 1947) — партизан и деец на НОФ

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Постол Категорија:Крушари (Ениџевардарско)