Тушилово (, Статис, до 1926 г. Τοσίλοβο) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 316 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, кои денес се двотретинско мнозинство.

Географија Селото се наоѓа на 4 км источно од Гуменџе, во јужното подножје на планината Пајак.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Тушилово било чисто македонско село во Ениџевардарската Каза. Црквата „Св. Петар и Павле“ е од втората половина на XIX век.

Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.

На австроунгарската военна селото е означено како Тосилово (Тушилово) (Tossilovo (Tušilovo)), а на картата на Кондојанис се води како Тосиловон (Τοσίλοβον), христијанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Тусиловон (Τουσίλοβον) било село со 29 христијански семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Тушилово живеят 220 Македонци христијани.

Подоцна селото повторно станало егзархиско и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Тушилево (Touchilevo) имало 320 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Тушилово било македонско со 30 куќи.

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Тошилово имало 49 семејства, 351 жител Македонец (83 чифлигари) и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Во 1909 г. властите го уапсиле тушиловскиот поп Христо под обвинание дека носи писма за војводата Апостол Петков.Дебърски глас, година 1, брой 36, 6 декември 1909, стр. 4.

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τοσίλοβον) имало 195 егзархисти.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Тушилово пред Балканските војни имало 42 куќи на Македонци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Тушилово било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Τουσίλοβον) имало 354 лица, од кои 190 мажи и 164 жени. Во 1920 г. во него се попишани 349 жители.

Во 1924 г. 166 лица (18 семејства) се иселиле во Бугарија поради малтретирање од властите. Ликвидирани се 30-те имоти на иселениците. Набргу тука се доведени грчки доселеници. Во 1926 селото е преименувано во Статис. Во 1928 г. селото станало мешано, со вкупно 309 жители, од кои 113 лица (30 семејства) биле грчки дојденци. Во 1940 г. Тушилово имало 414 жители, од кои две третини биле Македонци.

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Петар и Павле“ од втората половина на XIX век

Личности мини|Тане Бурдов Ичо А. Трајанов (1876 – 1935) — револуционер Тане Бурдев (1884/1885 – ?) — револуционер на ВМОРО Иван Христов Гинчев – Андрея (1898 – 1944) — партизан во Бугарија Мино Танов — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 Филип Христов Гинчев - Гоце (р. 13 декември 1900 г.) — иселеник во Пловдив, тутунски работник, член на БКП, по Деветтосептемврискиот преврат работел во Народната милиција Ангел Иванов Џоглев – Дамјан (1924 – 1944) — партизан во БугаријаСписък на убити партизани

Наводи

Категорија:Пајонија (општина)