Ноти (или Н’ти; , до 1940 година: Νώτια, Нотија; мегленовлашки: Nânti или Nânta; или Yediköy) — село во Мегленско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Меглен, во Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во подножјето на јужниот дел од планината Кожуф, 17 километри североисточно од градот С’ботско, на надморска височина од 595 метри. Во минатото, селото претставувало седиште на некогашната Мегленска епархија.

Сместено е во северниот дел на областа Меглен, мала котлина помеѓу планините Кожуф на исток, Пајак на југоисток и Ниџе на северозапад, на околу 17 километри северно од селото Капињани. Во почетокот на XX век, Ноти било составено од 8 маала — Манастир, Пунти, Проур, Ал Куле, Бијкуш, Горниц, Боз и Бејлик или Амбар..

Историја

Крај селото се откриени остатоци од македонската и римската епоха.

Селото е споменато како Енотија (Ενώτια) за првпат од Георги Кедрин во XI век, при описот на опсадата на тврдината Меглен од византискиот цар Василиј II. Во 1350 година, царот Јован VI Кантакузин одново го споменал Нотија (Nότια). На стрмен рид над селото се наоѓаат остатоците од средновековната тврдина. Ноти е традиционално најголемото влашко село во Меглен. Жителите главно му се занимавале со грнчарство, бидејќи околу селото главно имало глинени наоѓалишта.Густав Вайганд. „Етнография на Македония“. Глава II. Общо за състава, характера и начина на живот на населението.

По уривањето на градот-тврдина Меглен на почетокот на век, Ноти долги векови било средиште на Мегленската област. Неговото население до 1924 година било влашко од етничката група позната како Пајакашки Власи, кои во втората половина на век ја смениле верата и се исламизирале. Тоа е последно исламизирање во Мегленската околија, кое се случило релативно во поново време. Според преданието зачувано кај сите Мегленци, настанот се случил на ден Велигден, кога владиката, наместо по литургијата да ги благослови луѓето со вообичаениот благослов „Христос воскресе“, ги благословил на турски и им препорачал да станат муслимани, а самиот тој станал поглавар на новата муслиманска религија.

Според месните легенди, првично Ноти било распоредени во 10 одделени маала, кои во времето на Отоманското Царство се преместиле на едно место. Во 1759 година, целото село било исламизирано, на чело со мегленскиот епископ Јован.Γνωριμία με την Αλμωπία Четирите месни цркви биле претворени во џамии. Еден дел од жителите на Ноти, кои не го прифатиле исламот, побегнале во Бер, Негуш и Ресен. Помеѓу избеганите бил и Доре, родоначалник на ресенскиот род Љапчеви, од кој потекнува и Андреј Љапчев.Радев, Симеон. „Ранни спомени“, София, 1969, стр. 98. Помеѓу исламизираните жители и векови подоцна се запазиле редица неисламски обичаи, како празнувањето на Ѓурѓовден и на Илинден. Селото имало и паралелно турско име Едиќој.

Во постаро време, селото Ноти имало изглед на гратче, но постепено почнало да пропаѓа на сметка на другите населби кои почнале да се издигаат во градови, како Гевгелија, С’ботско и други центри.

Многу настрадало во Првата светска војна, особено во 1916 година, кога неговите жители биле повлечени во внатрешноста на Бугарија од бугарските воени власти, бидејќи тука поминувала линијата на фронтот. По завршувањето на војната, се вратила половината на селото.

Во согласност со Лозанскиот договор, во 1924 година присилно било иселено муслиманското население во Турција, а на нивно место грчките власти населиле бегалски семејства од Понд и Кавказ. Во 1928 година, во селото живееле 216 грчки бегалски семејства со вкупно 901 жител.

Ноти многу настрадало во времето на Втората светска војна, особено во јануарската офанзива од 1944 година, кога од бугарските војници било запалено и биле убиени 40 мирни селани. Исто така, подоцна настрадало и за време на Граѓанската војна, кога дел од населението се преселило и во Македонија и во источноевропските земји, а поголемиот дел грчките монархистичките власти принудно го раселиле во полските мегленски села. По завршувањето на војните, селото било обновено.

Стопанство

Селото произведува големи количества компири, а некои од семејствата, особени Каракачаните, се занимаваат со сточарство, за што постојат поволни услови поради непрегледните планински терени погодни за сточарење.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Ноти живееле 3.500 Власи-муслимани и 160 Роми-муслимани.Васил К’нчов. Македонија. Етнографија и статистика, Софија, 1900, стр. 152. По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Нута имало 168 Роми.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 194-195.

Во 1920 година, Лугунци е посочено со 1.000 влашки муслимански куќи.Милојевић, Боровоје. Јужна Македонија - Антропогеографска, Београд 1920. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927 (διοικητικά όρια 1911)

Во пописот од 1913 година било забележано со 3.442 жители. Во текот на Првата светска војна, поради близината на воените дејства, селото настрадало, особено во 1916 година, а неговите жители биле интернирани во внатрешноста на Бугарија од страна на бугарските власти. Само половина од жителите се вратиле во селото. Поради тоа во пописот од 1920 година селото се водело со преполовено население, односно само со 1.607 жители. Во 1924 година, муслиманското население било принудно иселено во Турција, додека на нивно место биле населени грчки бегалски семејства. На пописот од 1928 година било забележано како бегалска населба со 712 жители, а во 1940 година нивниот број се искачил на 1.098 жители. Селото тешко настрадало и било целосно напуштено за време на Втората светска војна и Граѓанската војна, а по завршувањето на двете војни повторно било обновено, но со помалку жители, бидејќи поголемиот дел од нив не се врати во селото. Ноти во пописот од 1951 година имало само 95 жители, во 1961 година нивниот број се искачил на 437, во 1971 година биле попишани 440, во 1981 година 412, а во 1991 година 367 жители, во кои биле вброени и дел од семејствата на селото Лесково, како и каракачански сточарски семејства преселени тука по нормализирањето на ситуацијата.

Според извештај од 1993 година, селото е мешана населба и во неа биле зачувани два малцински јазици — понтскогрчки и влашки, и обата на средно ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 388 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 309 жители.

Самоуправа и политика

Од 1919 година, селото претставувало самостојна општина, во чиј состав влегувало и селото Тушин во периодот од 1919 до 1929 и од 1955 до 1997 година. Атарот на селото, заедно со атарот на растуреното село Лесково опфаќал површина од 54 квадратни километри, а атарот на општината 106 квадратни километри. Во 1997 година, општината Ноти била припоена кон поранешната општина Капињани.Περίκλεια. Во 2011 година, општината Капињани станала дел од поголемата општина Меглен.

Селото припаѓа на општинската единица Капињани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Меглен, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ноти, во кој покрај селото Ноти влегува и селото Тушин.

Општествени установи

Полициска станица

Топоними + Месности во Ноти преименувани со службен указ на 6 август 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Лесковска Река Λεσκοβάτικο Лефтокарија Λεφτοκαρυά Реката на Лесково, лева притока на Мегленица Чукаро Τσουκάρου Корфула Κορφούλα врв на Пајак на Ј од Ноти (979 м) Плоча Πλότσα Плака Πλάκα врв на Ј од Ноти (678 м) Плочи Πλότσια Плакес Πλάκες врв на Ј од Ноти Билалу или Билалукен Μπιλαλοϋ Врахули Βραχούλι месност на Пајак на ЈИ од Ноти и на ЈЗ од Ошин Вируве Βρόσυβας Дијавато Διαβατό возвишение на ЈЗ од Ноти (625 м) Коцо Κώτσορ ту Коста τοϋ Κώστα врв на ЈЗ од Ноти (686 м) Голема Γκολέμα Мегало Μεγάλο име на реката Мегленица на Ј од Ноти Орта Оба Όρτάβα Месокамбос Μεσόκαμπος месност на Ј од Ноти Вак’фско или Манастир Βακούφικα Ајатика Άγιάτικα месност на ЈИ од Ноти Чавашли Τσιαβισλή Катари Καθαρή месност на И од Ноти Вак’фско Βακόφκα тис Еклисијас της Εκκλησίας месност на Кожуф на СИ од Ноти Зековина Ζεκοβίνα Красотопос Κρασότοπος месност на Кожуф на СЗ од Ноти Бистрица Πιστρίτσα Катаро Καθαρό река на Кожуф на З од Ноти Плоча Πλάτσα Плака Πλάκα врв на С од Ноти Ѕена Τζένα Врахи Βράχοι врв на Кожуф (2067,2 м) Бачило Μπατζιὸ Тирокомио Τυροκομείο месност на Кожуф на С од Ноти и на З од врвот Ѕена Зелен Грег Ζελεμπέκι Прасина Πράσινα врв на С од Ноти Трите Буки Τριτεμπούκ Трис Веланидес Τρεις Βελανιδιές месност на Кожуф на С од Ноти, меѓу граничните пирамиди бр. 93 и бр. 94 Високи Πισόκι Ипсили Ὑψηλή планина на Кожуф на ЈИ под граничната пирамида бр. 94 Три Буки Τριμπούκι Трис Оксиес Τρεις Όξυές гора в Кожуф на И под граничниот срт Приседа Греда Присекта Греда Πρισέκτα Γρέδα Докари Δοκάρι граничен срт меѓу пирамидите бр. 94 и бр. 96 Елите Γιέλτε Капетан Влахос Καπετάν Βλάχος планина на Кожуф на И под граничниот срт Присекта Греда Ушите Οΰσιτσε Авти Αύτί врв на Кожуф на СЗ од Ноти Гологерес Γκολογκερές Гимнокорфи Γυμνοκορφή врв на Кожуф на СЗ од Ноти (1837 м) Ветарник Βιτάρνικ Аеропорос Άεροπόρος планина на Кожуф на З од Ноти и на СЗ од Тушин Паланево Гумно Παλέτβο Γκοΰμνο Палестра Παλαίστρα месност в Кожуф на З од Ноти и на СЗ од Тушин Гушавица Γκουσαβίτσα Парамагула Παραμαγούλα река на З од Тушин Дојдица Ντοϊντίτσα Плагија Πλαγιά врв на Кожуф на СЗ од Ноти (1.854 м) Пиново Πίνοβον Корфула Κορφούλα врв на Кожуф на З од Ноти (2.156 м) Козјак Κόζακ Гидотопос Γιδότοπος врв на Кожуф на ЈЗ од Ноти (1.488 м) Туфката Τούφκτα Мити Μύτη врв на Кожуф на ЈЗ од Ноти (2.118 м) Лозишта Λόζιστα Амбелонес Άμπελώνες врв на Кожуф на ЈЗ од Ноти (860 м) Јаворо Γιάβορο Платанотопос Πλατανότοπος планина на Кожуф на С од Ноти Лакос Ѕенас Λάκκος Τζένας Лакос Λάκκος река на З од врвот Ѕена и на И од Ноти

Наводи

Категорија:Меглен