Цакон Маала или Јурук Маала (, Цаки; до 1926 г. Τσάκων Μαχαλά, Цакон Махала) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓа во средишниот дел на котлината Меглен, на 3 км југозападно С’ботско.
Во Отоманското Царство Ова е релативно ново село, основано од Турци Јуруци. Во XIX тоа било село во Воденската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Цакон Махале живееле 550 Турци.
Егзархиската статистика за Воденската Каза од 1912 г. го води селото со 550 жители Турци. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Цакон-махала пред Балканските војни имало 150 куќи на Турци.
Во Грција За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во 1913 г. согласно Букурешкиот договор влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 682 жители кои во 1920 г. се намалиле на 526 лица.
Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а на негово место се доведени Грци од Понт и Мала Азија, Турција. Во 1926 г. е преименувано во Цаки или Цаконес (Τσάκωνες). На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско со 99 семејства сочинети од 118 лица.
За време на Граѓанската војна (1946-1949) дел од населението пребегало во Солун и полските села во Ениџевардарско.
Земјиштето целосно се наводнува и се произведуваат пиперки, десертно грозје и овошје.
+ Месности во Цакон Мааала преименувани со служен указ на 6 август 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Белица Μπελίτσα Аспропотамос Άσπροπόταμος река на С од Цакон Маала
Население
Наводи
Категорија:Меглен