Ваисли или Вајохори () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Вајохори бил дел од општина Егнатија.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 32 километри западно од Ставрос, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на северниот брег од Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 140 метри.

Ваисли опфаќа површина од 28 квадратни километри.

Историја

Во XIX век Ваис кула било турско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1928 година селото било преименувано во Вајохори.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 42 жители бегалци.Μιχαήλ Σταματελάτος - Φωτεινή Βάμβα-Σταματελάτου, Επίτομο Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδος, Ερμής 2001, σελ. 118, додека во 1940 година селото броело 96 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 209 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 162 жител, во 1971 година имало 98 жители, во 1981 година имало 84 жители, додека во 1991 година имало 64 жители. Денеска, населението на селото е 69 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Бешик