Гаваљанци или Гаваланци (, Валтуди; до 1927 г. Γκαβαλιάν, Гаваљан, Γκαβαλιανοί, Гаваљани) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Кукуш на областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 23 жители (2021). Сè Втората балканска војна било населено исклучиво со Македонци.
Географија Селото се наоѓа во областа Бојмија, на 14 км североисточно од градот Ругуновец.
Историја Во Отоманското Царство Во османлиските даночни дефтери на Кукушката каза од 1619-1620 г. селото се води под името Говалљан со 60 даночно обврзани христијански домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 273.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Гаваљанци (Gavaliantzi) било село во Кукушката каза со 35 куќи сочинети од 190 жители Македонци.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Гаваљанци било село со 164 жители Македонци.
На почетокот на XX век целото население на Гаваљанци било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гаваљанци (Gavaliantzi) имало 176 Македонци егзархисти и во селото работело бугарско училиште.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Гаваланци имало 30 куќи на Македонци христијани.
Во Грција Во Втората балканска војна (1913) населението го напуштило селото при настапувањето на грчката војска, бегајќи во Вардарска Македонија. Селото било припоено кон Грција. На нивно место се доселиле 32 лица од Струмичко, колку што имало селото на пописот од 1913 г. По Првата светска војна доселениците се вратиле во нивните села, па така во 1920 г. во Гаваљанци се попишани само 20 жители.
Малку подоцна земјиштето било откупено до големопоседникот Зутос кој денес располага со 600 хектари, обработувани со современа механизација. Во 1928 г. поседот имал население од 59 жители.
Население
Личности мини|180п|Илија Дилберов Родени во Гаваљанци Илија Дилберов (Дилбер Илија) (1877 – 1962) — револуционер, деец на ВМОРО, борец во МОО Георги Наков Парадов (1866 – 1938) — војвода на ВМОРО, борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина Никола Сатиев (1880 – ?) — војвода на ВМОРО, борец во МОО Христо Георгиев (1884 – ?) — четник на Аргир Манасиев,„Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 борец во МОО, Кукушка чета, Нестројна рота на XIII Кукушка дружина Христо Стаменов — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г. Георги Мицов (Гоне Мацов, 1884/1886 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, I чета на XIII Кукушка дружина Иван Манолов (1882 – ?) — борец во МОО, I чета на III Солунска дружина Јордан Тачев (1884 – ?) — борец во МОО, II чета на XIII Кукушка дружина, Зборна партизанска чета на МОО Мирче Костов (1892 – ?) — борец во МОО, III Солунска дружина, носител на бронзен медал Христо Пецев (1882/1884 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, II чета на XIII Кукушка дружина
Починати во Гаваљанци Михаил Апостолов - Попето (1871 - 1902) — револуционер
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина)