Маја Иванова, моминско Тоневска (, ) — сопруга на четвртиот македонски претседател Ѓорге Иванов и поранешна Прва дама на Македонија.

Животопис

Иванова е родена во Скопје во 1964 година. Деновите кога била ученик во Основното училиште „Кочо Рацин“, а подоцна и нејзините гимназиски денови, таа пишувала поезија. Таа напишала збирка поезија посветена на Скопје, за која ја добила престижната награда „13 Ноември". Иванова студирала на Правниот факултет во Скопје, и го завршила како дипломиран правник. Својата работна кариера Маја Иванова ја почнала во претпријатието „Интеримпекс“, а потоа почнала да работи како претставник на швајцарското фармацевтско претпријатие „Хофман ла Рош“. Кариерата ја продолжила во претставништвото на авиопретпријатието „Олимпик Ервејс“, а почнувајќи од 2001 година, таа била вработена во Агенцијата за цивилно воздухопловство. Таа била вработена во Агенцијата за цивилна воздушна пловидба на Македонија, каде што работела како советник. За време на претседателството на нејзиниот сопруг, таа имала активности во рамки на Црвениот крст на Република Македонија.

Наводи

Надворешни врски Биографија на Маја Иванова

Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски општественици Категорија:Први дами и први господа на Македонија Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје