Бурша (, Корифи; до 1927 г. Μπόρσα, Борса)— село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 65 жители (2021).

Географија и местоположба Селото е оддалечено околу 20 км југозападно од гратчето Лапчишта, во близина на реката Праморица, на нејзината десна страна, на надморска височина од 920 м. Крај селото минува патот кој води за Коница и Јанина.

Историја

Во Отоманското Царство Бурша уште од постаро време било населено со Грци и во етнички поглед до ден денес нема претрпено промени.

Во XIX век Бурша било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бухорино живееле 400 Грци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бурша (Burcha) има 415 Грци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.226-227.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Бурша живееле 470 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 577 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 479, веројатно како последица од војните. Во 1928 г. населението на Бурша броело 498.

Во 1951 г. е срушен стариот храм „Св. Ѓорѓи“ од 1857 година, и одновно изграден.

Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.

Насиление

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — најстара црква во селото; Црква „Св. Ѓорѓи“ — гробишна црква, срушена во 1951 година; Црква „Св. Илија“ — параклис изграден во 1971 година.

Поврзано

Населица

Наводи

Категорија:Горуша (општина)