Либохово (, Дилофо; до 1929 г. Βραχοπλαγιά, Врахоплаја; до 1927 г. Λιμπόχοβο, Либохово) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во југозападните падини на Горуша, непосредно до патот Кожани–Лапчишта–Коница (ЕО20), југозападно од Лапчишта и помалку од 4 км од селото Жупан, на надморска височина од 980 м.

Историја

Во Отоманското Царство По името на селото се гледа дека првично било македонско. Во ХІХ век Либохово веќе било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Либохово живееле 300 жители, сите Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Либохово е претставено како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 91 куќа.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Либахово (Libahovo) има 200 Грци.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Либохово (Λιμπόχοβο) живееле 400 Грци христијани.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 501 жител. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 347 лица.

Во 1927 година, името на селото било променето во Врахоплаја (Βραχοπλαγιά). Во 1929 г. е одново преименувано, овојпат во Дилофо (Δίλοφο). +Места во заедницата Либохово преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписВаренгаΒαρέγγαПрофитисΠροφήτηςврв на С од Либохово (1.119 м)

Стопанство Населението произведува компири, жито и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.

Население

Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 15 квадратни километри. Општината Либохово била приклучена во општината Жупан во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Жупан со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е седиште на општинскиот оддел Либохово, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Илија“ од 1817 г. Црква „Успение на пресв. Богородица“ од 1845 г., прогласена за споменик на културата

Личности Родени во Либохово

Јоанис Захос (1867–1964) — грчки лекар, поранешен градоначалник на Рупишта Николос Курнавос (1912–1989) — грчки политичар

Наводи

Категорија:Горуша (општина)