Фотун (, Фитоки) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 18 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, околу 15 км југозападно од градот Лапчишта и на 2 км јужно од селото Цакнохор, на левата страна на реката Праморица, на надморска височина од 635 м. Селскиот атар се граничи со општината Гребен на југ.

Историја

Во Отоманското Царство Во ХІХ век Фотун било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Фотун живееле 100 Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Фетун е претставено како чисто грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот санџак со 17 куќи.

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Фотун (Fotoun) има 85 Грци.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Фотун живееле 120 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 10 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 51. Во 1923 г. се населиле 26 бегалски семејства (вкупно 86 бегалци), така што селото станало мешана населба.

Стопанство Населението одгледува жито, тутун и други земјоделски производи, а помалку се занимава и со сточарството.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Цакнохор, во кој влегуваат и селата Сокол и Цакнохор.

Наводи

Категорија:Горуша (општина)