Даутли или Даутлија (, Дафнохори, до 1927 Δαουτλή, ДафнохорионΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Δαφνοχώρι — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 9 километри југозападно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 105 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Даутли се состоело од 35 семејства со 190 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Даутли имало 90 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 165..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 120 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99..

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија и Бугарија.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото се води како напуштена населба, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани само 5 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1926 година, селото било преименувано во Дафнохори.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 155 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 226 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 220 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 233 жители, во 1971 година имало 188 жители, во 1981 година имало 156 жители, додека во 1991 година имало 112 жители. Денеска, населението на селото е 63 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Кукуш