Междурек ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Μελισσουργειό — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 339 метри.
Историја
Во отоманскиот збирен даночен список на немуслиманското население од вилаетот во 1616-1617 година, селото се состоело од 11 домаќинстваТурски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 228..
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Междурек се состоело од 55 семејства и 236 жители Македонци и 22 ТурциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 166-167. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Междурек имало 500 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 680 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.. Како егзархисти биле 360 жители, додека како унијати 120 жители на селото.
Во текот на Втората балканска војна, селото настрадало од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 163 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 112 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Мелисургион.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 177 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 377 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови.
Селото во пописот од 1951 година броело 207 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 224 жители, во 1971 година имало 126 жители, во 1981 година имало 130 жители, додека во 1991 година имало 114 жители. Денеска, населението на селото е 111 жители според пописот од 2001 година.
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1834 г.
Личности
Родени во Междурек
Гоце Междуречки (1877 - 1941) Георги Даскалов (1895 - 1969) Григор Георгиев (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 151. Данаил Христов (1883 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 766. Доне Трајков (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 724. Кирил Христов (1885/1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 769. Киро ГеоргиевМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 157. Константин Гоцев Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 182. Коце Стоев (1892 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 650. Мито Христов (1885/1886 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 773. Никола Грков (1887 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 191. Никола Митов (1884 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 451. Петар Николов (1882 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 511. Вероятно идентичен с Петър Попов Николов. Петар Попов Николов (1881 - ?) Стојан МеждуречкиМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98. Христо Иванов (1873 - ?)Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 303.
Наводи