Морарци или Моравци, Моравца, Морафча ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Αντιγόνεια — село во Општина Кукуш во Кукушкиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 11 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 342 метри.

Морарци опфаќа површина од 28 квадратни километри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Морарци се состоело од 140 семејства и 640 жители МакедонциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 164-165.

Во учебната 1881-1882 и 1882-1883 година, во селото бил испратен егзархиски учителКирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.. Во 1901 година, учителот Никола Дупков од Кукуш бил заточен по Солунската афера во Бодрум кале„Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 69, ISBN 9549514560.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Морарци имало 1200 жители МакедонциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1600 Македонци и работело егзархиско училиштеBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.. Во селото во тоа време како учител работел Димитар Поп СтаматовНиколов, Борис Й. Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, с. 138.

Во Морарци било развиено и унијатското движење, а како свештеници биле Иван Стојанов (1875 - 1910), Алекси Анагношев (1906 - 1919), Мико Наков (1904 - 1919), Атанас Иванов (1918 - 1921), Христо Иванов (1912 - 1916).

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војскиГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 - 1916, Торонто, 2006, стр.197, додека самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 326 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 385 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во истиот период биле иселени скоро сите македонски жители на селото. Во Бугарија според Тодор Симовски во тој период заминале 312 семејства. Во 1926 година, селото било преименувано во Антигонија.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци., додека во 1940 година селото броело 507 жители. Селото настрадало во текот на Грчката граѓанска војна и голем дел од населението било принудено да ги напушти своите домови. Поради тоа селото во пописот од 1951 година броело 340 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 363 жители, во 1971 година имало 238 жители, во 1981 година имало 120 жители, додека во 1991 година имало 122 жители. Денеска, населението на селото е 122 жители според пописот од 2001 година.

Личности Султана Делчева, мајка на националниот херој Гоце Делчев. Георги Попхристов (1889 - 1959) Мито МорарцалиевНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 111. Трајко Мечев Гоце Ангелов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 26. Гоце Алишанов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 15, 20. Димитар Алишанов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 20. Иван Ташев (1876 - 1924) Илија Бакалов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 76. Мито АндоновМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 38. Мито К. АнговМакедоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 35. Туше Ан. Бабалов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 75. Христо Андонов„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 40.

Наводи

Категорија:Кукуш