Слатина (, Хриси; до 1926 г. Σλάτινα, Слатина) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот Округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 96 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа 40 км југозападно од градот Костур, високо на пазувите на планината Грамошта на надморска височина од 1.130 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во даночните записници од средината на XV век Слаитна е споменато со 17 глави на семејства и еден неженет: Витан, Којо, Васил, Војнак, Анастас, Ѓуро, Петру, Ѓуро, Тодор, Алекса, Димос, Јорги, Михал, Никола, Новак, Михо, Насто и Мане. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 1.499 акчиња.Опширни пописни дефтери од XV век, том II, Архив на Македонија, Скопје, 1973, стр. 82
Селото изворно било населено со Македонци, но подоцна е напуштено и во него се доселиле Грци Качауни од Епир. Врз основа на говорот на месното качаунско население, вклучувајќи ја топонимијата, речникот и граматиката, Благој Шклифов посочува дека во минатото жителите на селото зборувале македонски и биле погрчени по почетокот на XVIII век.Шклифов, Благой. Проблеми на българската диалектна и историческа фонетика с оглед на македонските говори, София 1995, с. 65, бел. 2.
Во XIX век Слатина било грчко село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Слатина имало 120 жители, сите Македонци.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слатино погрешно се води како чисто турско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 40 куќи.
Според грчки извори, во 1905 г. Слатина имало 500 жители Грци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Слатина се запишани 349 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 325 лица.
Селото значително настрадало за време на Грчката граѓанска војна, а шест деца биле протерани како деца бегалци. По крајот на војната започнала помасовно иселување.
Стопанство Главно занимање на населението е шумарство, а помалку со сточарството и земјоделството.
Население
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Аренес со седиште во селото Борботско, која припаѓа на поголемата општина Нестрам, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Слатина, во кој влегува и селото Висанско.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Пантелејмон“ и поранешен манастир
Личности По потекло од Слатина
Јоанис Зисис (1850 – ?) — деец на грчката вооружена пропаганда; и Константин Зиси (? – 1900) — свештеник, деец на грчката вооружена пропаганда.
Наводи
Категорија:Нестрам